Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи

Последна измена: март 23, 2021

Предмет: Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи

Код: 3ФЕИТ07015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Никола Рендевски

Цели на предметната програма: Запознавање со практични и применливи аспекти од процесот на проектирање, анализа и детекција на проблеми кај гигабитните безжични локални мрежи во фреквентните подрачја на 2.4 GHz, 5 GHz и 60 GHz. Стекнување на вештини за избор на мрежна опрема, комуникациски стандарди и конфигурација на безжичната мрежна опрема во зависност од очекуваните перформанси, на сите нивоа од ISO/OSI референтниот модел.

Содржина на предметната програма: Стандардизациски тела (IEEE, IETF, ITU-R). Стандарди (Формални и Неформални). Процес на стандардизација. Краток вовед и верификација на практични знаења од областа на безжични/радио комуникации. Електромагнетни бранови, радио фреквенција. Аналогни и дигитални модулациски техники. Носител (Carrier). Пропагациски ефекти и нивно влијание врз перформансите на безжичен линк. Буџетирање на безжични линкови. Добивки, Загуби (од простирање, засенување, интерференција). Системска оперативна маргина (SOP). Антени и антенски конфигурации. Адаптивни антенски системи (Beamforming). Капацитет на безжичен линк. Информациска и кодна рата. Фреквентен опсег (Bandwidth) и канал (Channel). Безжичен пренос со повеќе носители. Вовед во OFDM. Пресметка на OFDM параметри и достигнување на гигабитни перформанси. MIMO-OFDM. IEEE 802.11 a/b/g/n/ac/ad (2.4 GHz, 5 GHz и 60 GHz). IEEE 802.15.3c. Интероперабилност помеѓу различните стандарди за безжични локални мрежи. Топологии. Контрола на пристап – MAC ниво кај 802.11/802.15 мрежите. Основен сервисен сет (BSS, IBSS, ESS). Техники за реализација на безбедност кај локалните и персонални безжични мрежи. Роаминг во безжични локални мрежи. Процес на проектирање: Анализа и комплексност на околина (физичка и виртуелна). Алатки. Техники за избор на канали и намалување на интерференција. Тестирање на перформанси. 802.11T (Wireless Performance Prediction). 802.11u – (Wireless Internetworking with External Networks – WIEN).  Инфраструктурен хардвер и софтвер.Техники за детекција на проблеми во безжичните мрежни конфигурации (Troubleshooting) – Пристап: Симптом, дијагноза, решение. Алатки за проектирање и анализа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Su-Khiong Yong, Pengfei Xia, Alberto Valdes-Garcia 60 GHz technology for Gbps WLAN and WPAN: from theory to practice Wiley 2012

2

Jim Geier Designing and Deploying 802.11 Wireless Networks: A Practical Guide to Implementing 802.11n and 802.11ac Wireless Networks For Enterprise-Based Applications Cisco Press 2016

3

Eldad Perahia, Robert Stacey Next generation wireless LANs: 802.11n, 802.11ac, and Wi-Fi direct Cambridge University Press 2013

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ramjee Prasad OFDM for Wireless Communications Systems Artech House 2004

2

Eldad Perahia, Robert Stacey Next Generation Wireless LANs: 802.11n and 802.11ac Cambridge University Press 2013

3

Shahriar Emami UWB Communication Systems: Conventional and 60 GHz: Principles, Design and Standards