Во рамките на наставниот процес по предметот Мрежно поврзување на обновливи извори на енергија беа реализирани две постети на енергетски објекти во околината на Скопје како и една презентација за фотоволтаична централа која е поставена на кровната конструкција на ФЕИТ. Оваа практична настава беше убава прилика студентите на лице место во реално опкружување да видат како изгледа и како функционира една фотоволтаична централа, една мала хидро централа и една биогасна централа.
Презентација беше реализирана на 12. мај 2022 година во рамките на ФЕИТ каде што доц. д-р Владимир Ѓоргиевски ги запозна сутдентите со карактеристиките и фунцкионирањето на фотоволтаичната централа на ФЕИТ.
На 21 мај 2022 година беше реализирана посета на ХЕЦ Матка во рамките добрата соработка што ја има ФЕИТ со ЕВН Македонија. При оваа посета студентите имаа прилика да се запознат со техничките податоци на централата, принципот на работа на истата како и со нејзините карактиристики. Исто така студентите имаа убава прилика да го видат и музејскиот дел на централата.
На 7 јуни 2022 година беше реализирана посета на биоганата централа на Интебако. И оваа посета е реализирана во рамките на добрата соработка што ФЕИТ ја има со оваа компанија која се занимава со производство на овој вид на модуларни централи, а една од нив ја користи и за производство на електрична енергија во кругот на компанијата. Студентите имаа убава можност да се запознат со принципот на работа и составните делови на овој специфичен вид на централи. Целата организација на посетата како и воведувањето во овој вид на технологија беше реализирано од директорот на Интебако господинот Александар Толевски, дипл. ел. инж.
На крајот би сакале да им се заблагодариме на сите презентери како и на компаниите за покажаната кооперативност и соработка.