Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД – Скопје, на 18.08.2022 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје распишува
ОГЛАС за доделување една стипендија на студенти од втор циклус студии
ОКТА АД – Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) доделува една стипендија на студентите кои во учебната 2022/2023 година првпат се запишуваат на втор циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, на една од следните студиски програми:
- Обновливи извори на енергија;
- Електроенергетика;
- Електрични машини и автоматизација.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
- Да има завршено прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
- Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
- Да не е корисник на стипендија од други даватели;
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Пријава;
- Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
- Уверение – потврда за активно познавање англиски јазик;
- CV на македонски јазик.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2022/2023 година во висина од 1.500 евра.
IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 04.10.2022 година. Документите може да се достават во архивата на факултетот или по пошта на адреса: Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, ул. Руѓер Бошковиќ бр.18, П. фах 574 – Скопје. Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.
Контакт лице за дополнителни информации:
Јулија Цветковска
T: +389 (0) 2 2532 565|М: +389 (0) 70 354 951 | www.okta-elpe.com | JCvetkovska@helpe.gr