Услови за аплицирање:
- Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
- Студентот да биде од некој од следниве смерови: Обновливи извори на енергија (ОИЕ) или Електроенергетика (ЕЕ);
- Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
- Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft
Времетраење на пракса
Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во секторот Енергетско планирање и развој, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 03.10.2022 година.
Обврска на практикантот
- да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
- континуирано да води дневник за текот на праксата.
- задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.
Обврска на компанијата
- да му обезбеди ментор на практикантот.
- да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
- да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.
Цели на праксата
- Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
- Практикантот ќе биде под директно менторство на директорот во сектор Енергетско планирање и развој, истовремено асистирајќи во повеќе сфери на работа.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 20.09.2022 година.