Rеализирана научноистражувачка посета на Универзитетот „Фридрих Александар“ во Германија и работилница за безжично напојувани телекомуникации

Последна измена: септември 23, 2022

Кадарот на ФЕИТ реализираше научноистражувачка посета на Универзитетот „Фридрих Александар“ во Германија и работилница за безжично напојувани телекомуникации

Во јуни и јули 2022 година беше реализирана научноистражувачка посета на Институтот за дигитални комуникации при Универзитетот „Фридрих Александар“ во Ерланген-Нирнберг, Германија, од страна на членови на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ: проф. д-р Зоран Хаџи-Велков, проф. д-р Славче Пејоски и асистент м-р Марија Попоска.

Посетата беше реализирана во рамки на проектот „Безжично напојувани комуникациски мрежи“, финансиран од германската државна научна фондација „Александар фон Хумболт“, чиј раководител е проф. Зоран Хаџи-Велков. Овој повеќегодишен проектот овозможи воспоставување долгорочна научна соработка меѓу ФЕИТ/УКИМ и Универзитетот „Фридрих Александар“, и со еден од светски најпознатите професори во областа на телекомуникациското инженерство, проф. д-р Роберт Шобер, и со неговата истражувачка група. Повеќегодишната соработка резултира со повеќе научни публикации во престижни научни списанија.

Резултатите од проектот беа презентирани на пошироката јавност преку еднодневна виртуелна работилница која се одржи на 9 септември 2022 година. Повеќе информации за работилницата се достапни на следната веб-страница, а во продолжение се прикажани и неколку фотографии од престојот во Германија и од работилницата.

https://avhworkshop.feit.ukim.edu.mk/