Потребните документи треба да се достават на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Одделението за студентски прашања (на трети кат) на 26.09.2022 год. од 12 – 15 часот.
1. Индекс | ||
2. Студентска легитимација | ||
3. Три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm | ||
4. Образец A3 за запишување на семестар (дупли ) истиот треба да биде комплетно пополнет (пример за пополнување на документот) | ||
5. Договор за студирање на ФЕИТ (се добива на денот на упис) | ||
6. Единечен статистички лист за запишување во 2022/2023 учебна година (ВОИ-20) | ||
7. Потврда за уплатени 750,00 ден. За информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ – ФЕИТ:
Жиро сметка: 160010368978818 Депонент: НБРМ Трезорска сметка: 100000000063095 Повикување на број: 723012, програма 41 |
||
8. Потврда за уплатени 1400,00 ден. На жиро сметка на ФЕИТ со назнака за материјални трошоци во I семестар:
Трезорска сметка: 100000000063095 Трезорска подсметка: 160010428678814 Повикување на број 723012, програма 41 Депонент: НБРМ Со назнака: трошоци за упис Напомена: Сумата претставува збир од следниве обврски: 200,00 ден. – тетратки за испит; 150,00 ден. – обнова на книжен фонд; 100,00 ден. – солидарна одговорност за штети; 100,00 ден. – осигурување на студентите; 100,00 ден. – уверенија за редовност; 650,00 – материјали и опрема за лабораториски вежби; 100,00 ден.-информатор. |
||
9. ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА
Потврда за уплатени 6.150,00 ден*. (прва рата од 200 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ: Трезорска сметка: 100000000063095 Трезорска подсметка: 160010428678814 Повикување на број: 723012, програма 41 Депонент: НБРМ Со назнака: Партиципација за упис на ФЕИТ |
ЗА СТУДЕНТИ ВО КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ
Потврда за уплатени 12.300,00 ден*. (прва рата од 400 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ: Трезорска сметка: 100000000063095 Трезорска подсметка: 160010428678814 Повикување на број: 723012, програма 41 Депонент: НБРМ Со назнака: Школарина за упис на ФЕИТ |
Покрај овие документи за упис на Факултетот, примените кандидати треба да ги достават и сите документи од пријавувањето кои беа испратени во електронска форма.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕТО
- Пријава за запишување (образец А1) (се купува во книжарницата на факултетот)
- Aдминистративна такса од 50 денари
- Оригинални свидетелства од сите класови*
- Документ за положена државна матура (Оригинална диплома за завршено средно образование)
- Извод од матична книга на родените (оригинал) + копија од извод од матична книга на родените
- Доказ за државјанство на Р. Македонија (оригинал уверение или решение)
- Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
- Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (испечатен од електронската пријава – Iknow)
- Изјава за национална припадност(се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава)
- Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 3 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ (доставуваат само примените кандидати кои добиле стипендија).
- Изјава за користење лични податоци
- Изјава за веродостојност и точност на приложените скенирани документи