Интерен оглас за ангажирање на соработници на проект

Последна измена: ноември 4, 2022

Врз основа на договорот за проектот „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни“ – SEEtheSkills и утврдена потреба од ангажирање на 4 соработници на проектот за развој на дигитални алатки и соодветни софтверски решенија, нивна реализација и пилотирање, како и одржување во периодот на траење на проектот, т.е. 01.11.2022-31.05.2024,

се распишува

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за ангажирање на 4 соработници на проект

I. Се распишува интерен оглас за ангажирање на 4 соработници на проектот со наслов „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни“, Sustainable EnErgy Skills in construction: Visible, Validated, Valuable – SEEtheSkills, што го финансира Извршната Европска агенција за клима, инфраструктура и животна средина при Европската комисија (European Climate, Infrastructure and Environment Executive Agency-CINEA of the European Commission) според договор бр. 101033743 — SEEtheSkills — H2020-LC-SC3-2018-2019-2020 / H2020-LC-SC3-EE-2020-2.

Проектот има за цел креирање на модели и алатки кои ќе овозможат зголемување на пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење, преку дејствување во три сегменти: зголемување на видливоста на стручните и сертифицирани професионалци, дизјнирање и развивање на методи и алатки за валидирање на вештините и превземање на активни мерки за потенцирање на вредноста и придобивките на вештините и компетенциите на професионалците во градежниот сектор.

За овозможување на процесот на валидирање на знаењата и вештините, потребно е развивање на дигитални алатки и соодветни софтверски решенија, нивна реализација и пилотирање, како и одржување во периодот на траење на проектот. Преку овој оглас се изразува потребата од ангажирање на 4 соработници за следните активности:

  • Развој на веб платформа за РПЛ (поднесување на документи, споредба со предефинирани темплејти, автоматско генерирање на извештаи, сертификати, известувања и сл.)
  • Развој на мобилна апликација за само-оценување т.е. идентификување на вештини (според однапред внесени критериуми и минимум побарувања, а врз основа на структуриран прашалник, персонализиран врз база на логички врски со внесените избори и изјави)

Одбраните соработници на проект ќе бидат ангажирани за времетраењето на проектот за следните активности:

Позиција 1. Двајца соработници за развој на веб базирани алатки, реализација на алатките според спецификациите и барањата на проектот, овозможување на поврзување со сервер, анализа на податоците со користење на соодветни програми, вклучително и Python

Позиција 2. Еден соработник за овозможување на конектирање на развиените апликации преку сервер, креирање на соодветен складишен простор за податоци во облак, овозможување на интерконекција на апликацијата со проектната веб страна и други платформи за промоција, овозможување непречена комуникација меѓу развиените алатки и многу голем број на корсници (поголем од 1000 вкупно, поголем од 20 истовремено)

Позиција 3. Еден соработник за креирање на визуелниот идентитет на развиените апликации, осмислување и реализација на графички дизајн и дигитален маркетинг на развиените алатки во периодот до завршување на проектот

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на проект со дефинирани обврски и рокови за испорака. Периодот на ангажман се однесува за целото времетраење на проектот, т.е. 01.11.2022-31.05.2024.

II. Потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

– Да бидат дипломирани електроинженери или студенти од повисоките години на некој од техничките факултети

-Да имаат способност за тимска работа и навремено реализирање на зададените активности

– Одлично познавање на Англиски јазик

Специфични критериуми за дадените позиции според огласот.

За позиција бр. 1:

– Дипломирани или тековни студенти од повисоките години на насоката компјутерски технологии и инженерство

-Просек за време на студиите од најмалку 8.00

– Искуство во правење на вебстрани со WordPress, потврдено со референтна листа од најмалку 3 развиени вебстрани

– Висок степен на познавање и користење на Python ке се смета за предност

За позицијата бр. 2:

– Дипломиран инженер по електротехника или друг технички факултет

-Искуство во одржување на серверски системи

-Искуство во користење на Big Data Cloud  апликации

-Искуство во креирање и одржување на веб-платформи за е-учење

За позицијата бр. 3:

– Дипломиран електроинженер или студент од повисоките години на факултетот за електротехника и информациски технологии

-Просек за време на студиите од најмалку 8.00

-Познавање на графички дизајн и работа со алатките Photoshop, Illustrator се смета за услов

– Познавање од дигитален маркетинг поточно social media marketing и email marketing и искуство во работа со алатките Buffer, Aweber, Zapier, IFTTT

      III. Со пријавата кандидатите поднесуваат: документи за завршено образование од највисокиот степен и куса биографија (CV) на адресата: Факултет за електротехника и информациски технологии, ул. Руѓер Бошковиќ бр. 18 Скопје, или во архивата на Факултетот и на маил адреса: lihnida@feit.ukim.edu.mk

  1. За дополнителни информации, заинтересираните кандидати може да се обратат кај професорот Лихнида Стојановска-Георгиевска на следниот е-маил lihnida@feit.ukim.edu.mk.
  2. Огласот трае 8 дена од денот на објавувањето.