Предмет: Техники на истражувањe во телекомуникациите
Код: 3ФЕИТ10037
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Вон. проф. д-р Перо Латкоски
Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да владее со широк спектар на методи и техники кои се применуваат во истражувачката дејност специфична за научната област телекомуникации, што директно ќе му помогне на студентот во успешна изработка на истражувачкиот проект и магистерската теза.
Содржина на предметната програма: Основни фази на истражувачкиот процес специфичен за проблемите од областа телекомуникации. Основи на аналитичко и емпириско научно истражување. Експериментално базирано истражување и анализа во телекомуникациите. Описни статистики и тестирање на хипотези. Формални и симулациски базирани методи за истражување на перформансите на телекомуникациските протоколи, мрежи и системи. Комбинирање на научно-истражувачки методи и споредба на резултати. Етика на истражување. Дисеминација на резултати од истражувањето. Изработка на студија. Изработка на демонстрација (демо платформа). Изработка на прототип. Научно-истражувачка публикација (труд на конференција, списание, теза). Презентирање на резултати.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Jason S. Wrench, Candice Thomas-Maddox, Virginia Peck Richmond, James C. McCroskey | Quantitative Research Methods for Communications | Oxford University Press | 2012 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Gerianne Merrigan, Carole L. Huston | Communication Research Methods | Oxford University Press | 2008 |
2 | Thomas R. Lindlof, Bryan C. Taylor | Qualitative Communication Research Methods | Sage Publications | 2010 |