Предмет: Истражувачки проект од областа на Безжични системи, сервиси и апликации
Код: 3ФЕИТ11
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 0+0+0+6
Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма (БССА)
Цели на предметната програма (компетенции): Подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така, оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.
Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.
Литература:
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки и друга литература. |