Заверката на зимскиот семестар 2022/2023, како и запишувањето на летниот семестар во учебната 2022/2023 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, ќе ги содржи следниве чекори:
- Електронско пријавување од 25.1. до 9.2.2023 година
Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише летниот семетар 2022/2023 и да ги избере соодветните предмети.
2. Резервирање термин за доставување на документите од 1.2 до 14.2.2023 година
На порталот е-Курсеви, (во Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Запишување летен семестар 2022/2023), креирана е активност Закажување термин (упатство за користење на активноста), преку која секој студент задолжително треба да избере термин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во периодот од 1.2. до 14.2.2023 година. Во резервираниот термин студентот ќе може да ги достави комплетните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања според следниот распоред:
Почетна година на студирање | Денови во кои може да се резервира термин помеѓу 12 и 15 часот | ||
2022 | 1.2.2023 | 2.2.2023 | 3.2.2023 |
2021 | 1.2.2023 | 2.2.2023 | 3.2.2023 |
2020 | 3.2.2023 | 6.2.2020 | 7.2.2023 |
2019 | 6.2.2023 | 7.2.2023 | 8.2.2023 |
2018 | 8.2.2013 | 9.2.2023 | 10.2.2023 |
2017 | 9.2.2023 | 10.2.2023 | 13.2.2023 |
2016 и порано | 10.2.2023 | 13.2.2023 | 14.2.2023 |
3. Доставување на документите од 1.2. до 14.2.2023 година
Комплетните документи студентот ги доставува на шалтерите на Одделението за студентски прашања исклучиво во резервираниот термин. (Ве замолуваме за строго почитување на закажаниот термин)
Студентите кои нема да ги почитуваат предвидените рокови, уписот на семестарот ќе може да го реализираат со поднесување молба за задоцнет упис и надомест, согласно ценовникот на ФЕИТ. Истото важи и за студентите кои ќе се пријават електронски, но нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања во предвидениот рок.
Потребни документи за заверка на зимскиот семестар:
- Индекс (во кој задолжително треба да бидат впишани предметите што студентот ги слушал во зимскиот семестар).
2.Образец А4 (Семестрален лист за заверка на семестар) пополнет со предметите што студентот ги слушал во зимскиот семестар)
ВАЖНО: Потписите за сите запишани предмети треба да бидат регулирани во iknow системот. Доколку се достават документи за заверка на семестарот без регулирани обврски ќе се смета дека документите за заверка не се доставени навреме и заверката ќе биде направена со уплата од 500 ден. со цел на дознака: задоцнета заверка. За регулирани обврски при заверка на семестар се смета кога студентот ги има добиено сите потписи во iknow системот или доставил уплата од 1000 ден. за недобиен потпис.
3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски за зимскиот семестар 2022/2023 го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на ратата што недостасува.
4. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во зимскиот семестар 2022/2023 година. Електронската анкета се пополнува на адресата http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ и ќе биде достапна од 25.1.2023 година. Како доказ за пополнета анкета се приложува принт од последната страна од анкетата. Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар.
Потребни документи за запишување летен семестар:
- Индекс
ВАЖНО: Доколку индексот е во Одделението за студентски прашања заради нерегулирани обврски во претходниот семестар, прво ќе се завршат заостанатите обврски со заверка/упис на претходниот семестар, а потоа ќе се примаат документите за новиот летен семестар 2022/2023.
- Образец А3 за запишување семестар (се запишуваат предметите што ќе се слушаат во летниот семестар 2022/2023);
ВАЖНО: Студентот ги запишува предметите според реалната ситуација во моментот кога ги доставува документите. Доколку таа ситуација се измени заради положување на предмет, промената ќе биде извршена врз основа на доставување на нов интерен лист, а во делот “Забелешка“ се препорачува студентот да наведе за кој предмет се чекаат резултати и со кој предмет истиот да биде заменет. Истото да се напомене при предавање на документите на шалтерите во Одделението за студентски прашања.
- Интерен пријавен лист со предмети (се печати страницата од iknow системот со избраните предмети што ќе се слушаат во летниот семестар 2022/2023)
- Уплата за партиципација /државна квота: број на кредити Х 205,00 ден.или квота со школарина /кофинансирање: број на кредити Х 410,00 ден. на жиро сметка на Факултетот:
- Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
- Депонент: НБРМ
- Tрезорска сметка: 100000000063095
- Трезорска подсметка: 160010428678814
- Повикување на број: 723012, програма 41
- Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
- Студентите кои студираат според наставен план 2012, а се во последниот претпоставен семестар треба да достават потврда за извршена уплата на 3 кредити за реализирана пракса на факултетската жиро сметка (задолжително се уплаќа на посебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса).
- Студентите кои при запишувањето на летниот семестар имаат освоено 200 кредити од положени предмети, студентска пракса и курсеви, задолжително го запишуваат и дипломскиот труд. При тоа доставуваат Пријава за дипломски труд (во четири примероци претходно потпишани од менторот и од кандидатот) и 50,00 ден. административна такса.
- Краен рок за доставување на комплетната пријава за дипломски труд е 15.3.2023 година.
Студенти кои ги положиле сите испити, а го запишуваат/презапишуваат само дипломскиот труд
- Индекс;
- Образец А4 за заверка на семестар (доколку во зимскиот семестар студентот слушал предмети);
- Анкета (доколку во зимскиот семестар студентот слушал предмети),
- Образец А3 за запишување семестар,(се запишува само дипломскиот труд);
- Интерен пријавен лист со запишан дипломски труд – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на iknow.ukim.edu.mk. Дипломскиот труд се запишува/презапишува како предмет со можност за промена на менторот и темата доколку се презапишува.
- Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно потпишани од менторот и од кандидатот) и 50,00 ден. административна такса.
- Потврда за извршена уплата на партиципација – 8 или 9 кредити за дипломски труд (државна или квота со кофинансирање,).
Студенти кои ги положиле сите испити и го запишале дипломскиот труд во претходниот семестар (т.н. Празен семестар)
- Индекс;
- Образец А4 за заверка на семестар (ако слушале предмети или само запишале дипломски труд во зимскиот семестар);
- Образец А3 за запишување на семестар;
- Потврда за извршена уплата од 1000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Услови за заверување на зимскиот семестар
- Студентот може да го завери зимскиот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
- Потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис во електронскиот систем iKnow.
- Семестарот може да се завери и без потпис за еден или повеќе предмети, за што се плаќа надомест од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот, со што се овозможува да се заверат останатите предмети, за кои студентот добил потпис во iKnow.
- Студентот нема право да полага испити по оние предмети за кои не се исполнети академските обврски (нема потпис во iKnow). Доколку предметите се задолжителни, студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година.
Правила за запишување на летниот семестар
- Секој студент што запишува летен семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во летниот семестар, според следните правила:
- Во секој семестар студентот запишува предмети со најмногу 35 кредити, а најмалку 21 кредит,
- При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот летен семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, при што вкупните студиски обврски во семестарот не надминуваат 35 кредити,
- Студентот може да запише повеќе од 35 кредити само доколку ги исполнува следниве услови: положени предмети и реализирани кредити од сите претходно запишани семестри со просечна оценка најмалку 8,5.
Студентот кој ги исполнува овие услови и сака да запише поголем број кредити од 35, поднесува Барање за одобрување на запишување поголем број кредити до продеканот за настава на ФЕИТ во писмена форма со уплата од 50,00 ден. за адм. такса. Во Барањето задолжително да се наведе името и шифрата на предметот што се бара да се запише.
НАПОМЕНА: Ќе бидат разгледувани доставените молби за запишување на поголем број кредити од 35 само на оние студенти кои ги исполнуваат погоре наведените услови.
- Помалку од 21 кредит може да запишат студентите кои запишуваат предмети, односно кредити за да го освојат потребниот минимум од 232 кредити (оние кои студираат според наставен план 2012), односно 231 кредит (оние кои студираат според наставен план 2017) потребен за да имаат право да го бранат дипломскиот труд.
- При запишување на предметите, потребно е да бидат исполнети предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во информациските пакети за секоја студиска година, дадени на веб страницата на Факултетот.
- Студентот може да поднесе молба за промена на веќе избран изборен предмет, најдоцна до 1.3.2023 година, односно непосредно по почетокот на летниот семестар, со доставување на молба со 50 ден. административна такса преку архивата на Факултетот и надомест од 1.000,00 денари.
- Студент кој ги положил сите предмети и го запишал дипломскиот труд, истиот треба да го одбрани најдоцна до 14.02.2023 година. Во спротивно, за да го задржи статусот редовен студент, тој е должен да запише летен семестар 2022/2023 според обврските што му преостануваат до дипломирање.
- Запишаниот дипломски труд во летниот семестар 2022/2023 година студентот има право да го одбрани во рок од една година, односно најдоцна до 14.02.2024 год. Доколку дипломскиот труд не се одбрани во овој рок истиот се презапишува со можност за промена на ментор и тема.
6.Максималниот број студенти кои можат да пријават дипломски труд кај еден ментор е 15 студенти (во периодот од 1.10.2022 до 30.9.2023 година).
- Пред дипломирање студентот треба да има извршено најмалку три месеци пракса (за едномесечна пракса се признаваат лабораториските вежби после прва година).
Преминување од квота со партиципација во квота со школарина
- Согласно Правилата за студирање, студентот го губи статусот на студент запишан во квота со партиципација (државна квота) и ги продолжува студиите во квота со школарина (квота со кофинансирање) ако:
- еден предмет запише по трет пат,
- не освои најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во соодветниот зимски/летен семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.
ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ
Студентите треба да достават уплатница за реализирани финансиски обврски за студирањето, на жиро-сметкатата на факултетот:
- За студентите запишани во квота со партиципација (државна квота) финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6.150,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 205,00 ден.
- Студентите кои плаќаат школарина (квота со кофинансирање на студирањето), финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска противвредност (12.300,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 410,00 ден.
- Студентите плаќаат за партиципација/школарина според бројот на запишани кредити (пример: за запишани 28 кредити Х 205,00 ден./410,00 ден.= 5740,00 ден./11480,00 ден.)
При уплатата се користи образецот ПП50, а во соодветните полиња се внесува:
- Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
- Банка на примачот: НБРМ
- Tрезорска сметка: 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 160010428678814
- Приходна шифра: 723012, програма 41
- Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
Скопје, 12.1.2023 година
Одделение за студентски прашања при ФЕИТ