Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2022/2023 (бруцоши) дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период од 13.3. до 24.3.2023 год.
Систематскиот преглед ќе се врши во ЗУ Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“- Скопје (сместена е во студентскиот дом “Кузман Јосифовски –Питу“, бул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 58) во период од 7.30 до 12.00 часот.
Систематскиот преглед опфаќа: општ медицински преглед, стоматолошки преглед и лабораторија (во лаборатрија од 7.30 до 10.00 часот).
Потребни документи:
- Индекс;
- Заверена здравствена легитимација
- Копија од здравствена легитимација од страна 2 до страна 5.
ВАЖНО: Систематскиот преглед е задолжителен услов за заверка на летниот семестар 2022/2023 година, а доказ за тоа е печатот на ЗУ Поликлиника на УКИМ на задната страна од индексот.
Скопје, 15.2.2023
Одделение за студентски прашања