Обука за аналитика на податоци

Објавено: февруари 27, 2023

Сертификати: ECDL и ФЕИТ

Број на слушатели: од 5 до 20 по термин

Предавачи: наставно-научен и стручен кадар од ФЕИТ

Цена: 9000 денари на две рати.

Пријавување на е-маил: cdu@feit.ukim.edu.mk

Обуката за аналитика на податоци организирана од Центарот за доживотно учење при ФЕИТ им овозможува на слушателите стекнување на основните знаења и вештини кои се однесуваат на концептите за анализа на податоци, статистичка анализа, подготовка на збирки податоци, сумирање на збирки податоци и визуелизација на податоци.

Предавањата се со практични примери и вежби. На крај се прави рекапитулација преку задачи со што се повторува и утврдува поминатиот материјал. Потоа следи полагање на модулот по стандардизирани ECDL тестови. Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се здобиваат со ECDL сертификат кој има доживотна и меѓународна важност и со сертификат од ФЕИТ.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Обуката ќе се одвива во 5 термини (2 термина неделно, по 3 часа на термин). Последниот термин ке биде со практична тест задача преку која ќе се направи конкретна рекапитулација на материјал. При тоа ќе се поминат следниве теми:

ТЕМА

ТЕРМИН

ДАТА

1.Поим и статистичка анализа

1

– Клучни концепти

– Статистичка анализа

2.Подготовка на сет на податоци

2

– Внесување, обликување

-Филтрирање

3.Сумирање на збир на податоци

3

– Агреграција на податоци од стожерна табела

– Анализа на френкфенција на стожерна табела

– Филтрирање на стожерна табела

– Користење на стожерни графикони

4.Визуелизација на податоци

4

-Концепти и поставување

Визуелизација

Објавување и споделување

5.Рекапитулација

5

-Утврдување на материјалот преку задачи и подготовка за тест

ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА

Начин на изведување: Обуката ќе се изведува по договор со слушателите (или во живо во компјутерска лаболаторија 322а на ФЕИТ или online)

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 5 до 20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена (термини), распоредени во 5 работни недели. Во секој термин се предвидени по 3 часа, а во тек на неделата ќе има 2 термина. За целото времетраење на обуката, слушателите ќе изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Основно познавање од работа со компјутери и програми за табеларни пресметки.

Цел на обуката: Обуката за аналитика на податоци овозможува да се:

  • Ги разберат клучните концепти кои се однесуваат на примената на аналитика на податоци во бизнисот.

  • Разбират и примена на клучните концепти за статистичка анализа.

  • Внесат податоци во табела и да ги подготват за анализа користејќи техники за чистење и филтрирање податоци.

  • Сумираат множества на податоци користејќи стожерни (Pivot) табели и стожерни графикони.

  • Разбират и примена на техники и алатки за визуелизација на податоци.

  • Креираат и споделуваат извештаи и контролни табли во алатка за визуелизација на податоци.

Самостојна работа и проверка на знаењето: Целиот материјал кој ќе се помине е поддржан со практични примери и соодветни вежби во факултетската компјутерска лаболаторија. Последниот термин е предвиден за рекапитулација на материјалот преку практична задача. На крај од обуката, се полага ECDL лиценциран тест за проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката и положување на тестот, учесниците ќе добијат интернационален ECDL сертификат и сертификат од ФЕИТ.

Пријавување на е-маил: cdu@feit.ukim.edu.mk