Изработка на идеен проект за соларен полнач и паркинг за велосипеди

Објавено: март 23, 2023

ОТВОРЕН КОНКУРС

ОКТА АД – Скопје во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавуваат конкурс за изработка на идеен проект за фотоволтаичен паркинг за велосипеди и електрични тротинети, кој ќе предвидува систем за полнење на електронски уреди, како и дел за одмор и релаксација.

Избраниот проект ќе биде награден и изграден во рамки на кампусот на УКИМ, како донација од страна на ОКТА АД – Скопје, по повод 45 годишниот јубилеј на компанијата и во рамки на општествено одговорната платформа за безбедност во сообраќајот #ЈасВнимавам.

Наградниот фонт за избраниот проект кој го обезбедува ОКТА АД – Скопје изнесува: 62.000 денари, кои ќе бидат исплатени најдоцна до 40 дена по прогласувањето на победникот.

Овој отворен конкурс е наменет за студентите од следните факултети при УКИМ: Архитектонски факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Градежен факултет и Машински факултет.

Пријавите за учество треба да се достават на мејл адреса на координаторот на Центарот за кариера на УКИМ за техничкиот кампус: radevski.aleksandar@arh.ukim.edu.mk, најдоцна до 12.04.2023 година.

Повеќе на следниот линк: https://www.okta-elpe.com/news/aaa-3/aaa-7/?fbclid=IwAR0vBqwNznJp14q-r-Njt42j8KE5aCtVePrda60k3qzGWbw4D65veF86MJA