Предмет: Диференцијални равенки
Код: 3ФЕИТ08005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: вон. проф. д-р Сања Атанасова
Цели на предметната програма (компетенции): Да се усвојат основните поими од теоријата на диференцијални равенки. Студентот да умее да ги класифицира диференцијални равенки, да применува различни методи за нивно решавање, да биде оспособен за формулирање и решавање проблеми, да ги користи диференцијални равенки како математички модел за разни појави во електротехниката и информациските технологии.
Содржина на предметната програма: Диференцијални равенки, типови, квалитативна анализа. Егзистенција и единственост на решението на диференцијална равенка. Диференцијални и интегрални неравенки и некои теореми за споредување. Зависност на почетните услови од параметар. Линеарни и квазилинеарни парцијални диференцијални равенки од прв ред. Парцијални диференцијални равенки од втор ред. Гранични проблеми за елиптични равенки. Кошиев проблем за параболична равенка. Задача на Штурм-Лиувил. Моделирање и решавање на проблеми од инженерство.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | William E. Boyce | Elementary Differential Equations and Boundary Value problem | John Wiley &Sons | 2003 |
2 | J. Ockendon, S. Howison, A. Lacey, A. Movchan | Applied Partial Differential Equations | Oxford University Press, USA | 2003 |
3 | Stanley J. Farlow | Partial Differential Equations for Scientists and Engineers | Dover Publications | 1993 |