Вмрежени системи за управување и управување во реално време

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Вмрежени системи за управување и управување во реално време
2. Код 4ФЕИТ01004
3. Студиска програма 2-ЕМА, 6-АРСИ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Горјан Наџински
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со повисоките нивоа на SCADA и дистрибуираните системи, проектирањето на хиерархиски SCADA системи и апликативното програмирање на вакви системи. Исто така во рамките на овој предмет студентите ќе се обучат за проектирање на и работа со системи чие функционирање е критично во однос на времето (реално временски системи).

11. Содржина на програмата:

Повеќенивоовска организација на системите за управување и надгледување на постројките и процесите, интегрирани информациони системи на ниво на фабрика. Дистрибуирани компјутерски системи за работа во реално време: Мерење и моделирање на задоцнување во комуникациски мрежи. Управување во затворена јамка преку комуникациска мрежа. Проектирање и работа со повеќенивоовски дистрибуирани системи.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16.

Други форми на активности

16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17.

Начин на оценување

 17.1 Тестови 0 бодови
 17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
 17.3. Активност и учење 0 бодови
 17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Успешно изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот

Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја реализираат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја реализирале и презентирале проектмата задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Xia, Fu, Liu Analysis and Synthesis of Networked Control Systems Springer-Verlag 2011
2. Fei-Yue Wang, Derong Liu Networked Control Systems – Theory and Applications Springer-Verlag 2008
3. Svrcek, Mahoney, Young A Real-time Approach to Process Control Wiley 2006
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Manesis, Nikolakopoulos  Introduction to Industrial Automation  CRC Press  2018