Напредни ПЛУ интегрирани системи и индустриски Интернет на нештата

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Напредни ПЛУ интегрирани системи и индустриски Интернет на нештата
2. Код 4ФЕИТ01008
3. Студиска програма 2-ЕМА, 6-АРСИ, 9-ВМС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Горјан Наџински
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со хиерархиските системи со програмабилни управувачи, нивниот принцип на работа и начин на користење. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени за работа со вмрежени ПЛУ системи, како и за имплементирање на современи методи на управување, надгледување, оптимизација и безбедност (карактеристични за Индустрискиот Интернет на нештата) при работата со реални индустриски системи. Исто така ќе бидат оспособени за проектирање на системи на управување со ПЛУ, пресметка на потребните хардверски и софтверски капацитети на управувачките уреди и сл.

11. Содржина на програмата:

Програмабилни логички управувачи како дел од дистрибуираните и хиерархиските управувачки системи. Протоколи за комуникација помеѓу ПЛУ-а од различни производители, стандарди за интероперабилност. Методи за пристап и менување на меморијата на ПЛУ за време на работа. Програми за интерграција на системи кои се управувани од ПЛУ. Текстуални програмски јазици за ПЛУ. Основни концепти на Интернет на нештата и Industry 4.0. Кибер-физички системи во индустријата, нивно моделирање, идентификација и евалуација.  Комуникација и вмрежување во индустриски услови: индустриски комуникациски протоколи и стандарди, криптографска безбедност на индустриската комуникација.  Улогата на вештачката интелигенција во индустријата: концепт на паметни фабрики (smart factories), алгоритми на машинско учење за управување и оптимизација на индустриски процеси. BigData: работа со големи количини на податоци, аквизиција, манипулација, и анализа на податоците.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
 17.1 Тестови 0 бодови
 17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
 17.3. Активност и учење 0 бодови
 17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Успешно изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот

Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја реализираат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја реализирале и презентирале проектмата задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. L. A. Bryan, E. A.  Bryan Programmable Controllers: Theory and Implementation Industrial Text Company 1997
2. Manesis, Nikolakopoulos Introduction to Industrial Automation CRC Press 2018
3. S. Jeschke, et. al. Industrial Internet of Things Springer 2017
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  T. Devezas, J. Leitao, A. Sarygulov  Industry 4.0  Springer  2017