3D машински вид

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет 3D машински вид
2. Код 4ФЕИТ05001
3. Студиска програма 6-АРСИ,19-МВ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7. Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Зоран Ивановски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на програмата е да му овозможи на студентите проучување на теоретските основи и практичните аспекти на 3D машинскиот вид. Со успешното завршување на курсот студентите ќе се стекнат со неопходните знаења за вршење на теоретска анализа, за дизајнирање и имплеменатција на алгоритмите за 3Д машински вид, како и со неопходните вештини за тестирање и пуштање во употреба на апликации базирани на дизајнираните алгортими. Тие ќе бидат оспособени за истражување,  користење на релевантна литература и следење на новите достигања во областа на машинскиот вид.

11. Содржина на програмата:

Модели на формирање на сликата. Геометрија на еден поглед и реконструкција на 3D сцена од еден поглед. Геометрија на два погледни. Пресметка на структура на сцена. Геометрија на N погледи. Автокалибрација. Структура од движење. Структура од фокус и сенки. 3D облак од точки. Формирање на облак од точки. Анализа и препознавање на 3D облак до точки со традиционални методи. Препознавање базирано на длабоко учење.

12. Методи на учење:

Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
 17.1 Тестови 0 бодови
 17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
 17.3. Активност и учење 0 бодови
 17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот

Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до полагањето на завршниот испит. Во предвидените испитни сесии се полага завршниот испит (времетраење  60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од проектната задача и завршниот устен испит.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Richard Hartley, Andrew Zisserman Геометрија на повеќе погледи во компјутерски вид Кембриџ Јуниврзити Прес 2003
2. Shan Liu, Min Zhang, Pranav Kadam, C.-C. Jay Kuo Анализа на 3D-облак од точки Springer Nature Switzerland 2021