Магистерски труд

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Магистерски труд
2. Код 4ФЕИТ00
3. Студиска програма 1-ОИЕ, 2-ЕМА, 3-ЕЕС, 4-ЕЕ, 5-ПМ, 6-АРСИ, 7-НКС, 8-КМ-ИНН, 9-ВМС, 10-ДПСМ, 11-ИБС, 12-КИТ, 13-ПМА, 14-ЕСОР, 15-ММК, 16-МНТ, 17-РЕЕКС, 18-ЕНЕЛ, 19-МВ, 20-ИМСА, 21-ПНМИ, 22-БИ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2   7.    Број на ЕКТС кредити 24.00
8. Наставник Наставник од соодветната студиската програма 
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот студентот е оспособен: да спроведе научно истражување во областа што е предмет на магистерската работа;  независно да истражува и критички да ја оценува достапната научна литература; да формулира истражувачки прашање врз основа на релевантна научна литература; да развива и/или применува истражувачки методи за да добие одговор на истражувачкото прашање; систематски да го организира научното истражување и да формулира реални решенија на комплексни проблеми; да извлекува заклучоци и да ги применува стекнатите знаења за решавање теоретски, технички и практични прашања во избраната област; да ги документира и презентира добиените резултати.

11. Содржина на програмата:

Магистерската работа е самостојна работа од област што ја избира студентот и ја изработува под менторство на наставник од соодветната студиска програма. Таа содржи анализа на даден проблем од теориски и практичен аспект и избор на соодветна методологија за решавање на проблемот, при што студентот ги користи стекнатите знаења од повеќе предмети, како  и дополнителна литература.  Од студентот се очекува да  го вгради понуденото решение, да изготви документација и упатство за негова примена. Изработениот труд се предава во пишана форма и се презентира усно.

12. Методи на учење:

Индивидуална работа на студентот под менторство на наставник од соодветната студиска програма.

13. Вкупен расположив фонд на време 720
14. Распределба на расположивото време
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 0 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 0 часови
16.2 Самостојни задачи 420 часови
16.3 Домашно учење 300 часови
17. Начин на оценување
 17.1 Пишан текст на магистерскиот труд 50  бодови
 17.2  Усна презентација на магистерскиот труд 50  бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Стекнати најмалку 30 ЕКТС. Пред одбраната на магистерскиот труд , студентот треба да достави потврда дека e автор/коавтор на прифатен или објавен труд во научно списание или зборник на трудови од научен собир.
20. Начин на полагање на испитот
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Литература соодветна на избраната област.