1. | Наслов на наставниот предмет | Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија | ||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ02009 | ||||||||||
3. | Студиска програма | 1-ОИЕ | ||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||
8. | Наставник | Д-р Гога Цветковски | ||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за анализа и практично користење на енергетските преобразувачи во системите со обновливи извори на енергија. |
|||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Содржина на предметната програма: Преглед на основните видови на енергетски преобразувачи (исправувачи, инвертори, преобразувачи на наизменичен напон, чопери и др.). Изведби, принцип на работа и карактеристики на инвертори применети кај фотонапонски системи (инвертори водени од мрежа и автономни инвертори, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на урапвување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на исправувачи, чопери и инвертори за ветрогенераторски системи (приказ и анализа на разни топологии на ветрогенераторски системи, приказ и анализа на енергетските преобразувачи применети кај овие системи, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на управување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на енергетски преобразувачи за статичка возбуда на синхрони хидрогенератори. Проектирање и изведба на мрежни филтри за подобрување на квалитетот на електричната енергија добиена од обновливите извори на енергија. Проектирање и анализа на FACTS уреди за подобрување на квалитетот на електричната енергија добиена од обновливите извори на енергија. Примена на енергетски преобразувачи во системи за еднонасочен пренос на енергија добиена од ОИЕ. Изведби, принцип на работа и карактеристики на енергетски преобразувачи за погонење на хибридни и електрични возила и за полначи на батерии. |
|||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
|||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||
17. | Начин на оценување | |||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | ||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | ||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | ||||||||||
17.4. | Завршен испит | 50 бодови | ||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовна посета на настава и консултации и релизација на сите пропишани активности во рамките на предметот. | ||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Писмен испит и презентација на проектната задача. | ||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | ||||||||||
23. | Литература | |||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | V. K. Sood | HVDC and FACTS Controllers, Applications of Static Converters in Power Systems | Kluwer Academic Publishers | 2004 | ||||||||
2. | M. H. Rashid | Power Electronics-Handbook | Academic Press | 2001 | ||||||||
3. | R. Teodorescu, M. Liserre, P. Rodrigues | Grid Converters for Photovoltaic and Wind Power Systems | John Willey and Sons | 2011 |