1. | Наслов на наставниот предмет | Мерење на параметрите на обновливи извори | ||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ03005 | ||||||||||
3. | Студиска програма | 1-ОИЕ | ||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||
8. | Наставник | Д-р Владимир Димчев | ||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Со успешно положување на овој предмет, кандидатот се запознава со мерните методи и инструментација кои се применуваат при мерењето на физичките параметри карактеристични кај обновливите извори, особено кај ветерната енергија и сончевото зрачење. |
|||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Основи на ветерна енергија, физички принципи на атмосферските движења, локални ветрови. Инструменти за мерење на параметрите на ветерот. Видови на анемометри, мерење правец на ветер, принципи на работа, точност и калибрација на сензори. Статистички методи за анализа на метеоролошките податоци за ветер. Проценка на енергијата на ветерот, проценка на енергијата на ветерот на комплексни терени, моделирање. Климатологија на сончевото зрачење. Методи за мерење на директна, дифузна и рефлектирана компонента на сончевото зрачење. Методи за мерење на спектарот на сончево зрачење. Статистички карактеристики на сончевото зрачење. Инструментација за мерење на сончево зрачење: пиранометри, пирхелиометри, калибрирани фотоволтаични ќелии. Конструкција, карактеристики и подрачје на примена. Автоматски мерни системи и даталогери за карактеристичните величини на ветер и сончево зрачење. Начини на пренос на мерните податоци. Примери базирани на LabVIEW. |
|||||||||||
12. | Методи на учење:
Комбиниран начин на учење, предавања, изработка на семинарски и проектни задачи, домашно учење. |
|||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||
17. | Начин на оценување | |||||||||||
17.1 | Тестови | 10 бодови | ||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 40 бодови | ||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | ||||||||||
17.4. | Завршен испит | 50 бодови | ||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Нема услови. | ||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Семинарска работа, усмен испит. | ||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | ||||||||||
23. | Литература | |||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | Lars Landberg | Meteorology for Wind Energy | Wiley&Sons | 15 | ||||||||
2. | Sathyajith Mathew | Wind Energy, Fundamentals, Resource Analysis and Economics | Springer Verlag | 8 | ||||||||
3. | Zekai Sen | Solar Energy Fundamentals and Modeling Techniques | Springer Verlag | 8 |