Технологии за добивање енергија од биомаса

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Технологии за добивање енергија од биомаса
2. Код 4ФЕИТ08027
3. Студиска програма 1-ОИЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Маргарита Гиновска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со овој курс студентот стекнува знаења за начините на искористување на енергијата од биомаса и нејзината конверзија (од растително и животинско потекло). Се запознава  со стандардните и современите технологии за искористување на отпадните биомаси за енергетски цели: производство на биогорива, топлина и електрична енергија и нивната примена во биогасните централи.

11. Содржина на програмата:

Енергија од биомаса – главни извори, класификација, трансформации, трендови на развој.  Анаеробни процеси, типови на дигестори.  Напредни и основни технологии за конверзија (согорување, гасификација, пиролиза). Техноекономски аспекти на искористување на биомасата. Втора генерација биогорива – горива на иднината кои допринесуваат за почиста животна средина и забрзан економски развој. Биодизел – производство, карактеристики, можности за употреба. Примена на биогас за производство на електрична енергија. Генерирање на моќност и производство на топлина од биомасa од градскиот отпад. Комбинирани постројки за производство на топлинска и електрична енергија  од биомаса. Примери на биогасни централи и други постројки за искористување на енергијата од биомаса.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, тимска работа,  поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Семинарска работа
20. Начин на полагање на испитот писмен и устен дел
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Anju Dahiua  Bioenergy: Biomass to Biofuels and Waste to Energy  Academic press, 2 ed.  2020
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Miro R. Susta, Peter Luby, INGCHEM, Dr. Sohif Bin Mat  Biomass Energy Utilization & Environment Protection – Commercial Reality and Outlook  Taylor & Francis Group  2009
2.  Caye M. Drapcho, Ph.D. Nghiem Phu Nhuan, Ph.D. Terry H. Walker, Ph.D.  Biofuels engineering process technology  ecGrow Hill  2008