Фотоволтаични системи и технологии

Последна измена: февруари 1, 2024
1. Наслов на наставниот предмет Фотоволтаични системи и технологии
2. Код 4ФЕИТ11008
3. Студиска програма 1-ОИЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Христина Спасевска, Д-р Димитар Димитров
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаење за карактеристиките на сончевото зрачење, фотоволтаичните технологии и компонентите на фотоволтаичните системи. Запознавање со примената на софтверските алатки за симулација на перформансите на фотоволтаичните системи.

11. Содржина на програмата:

Сончево зрачење. Типична метеоролошка година. Фотоволтаичен ефект. Видови на фотоволтаични технологии и примена. Струјно-напонска карактеристика и карактеристика на моќност. Ефект на топла точка. Компоненти на фотоволтаичните системи. Фотоволтаичен генератор. Системи за складирање на електрична енергија и примена. Типови и конфигурации на фотоволтаичните системи. Перформанси на фотоволтаичните системи и нивна симулација со софтверски алатки.

12. Методи на учење:

Интерактивни предавања, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 20 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Најмалку 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Тестови, семинарска работа и усмен испит
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Soteris A. Kalogirou MCEVOY’S HANDBOOK OF PHOTOVOLTAICS FUNDAMENTALS AND APPLICATIONS Elsevier Academic Press 2018
2. Heinrich Haberlin PHOTOVOLTAICS SYSTEM DESIGN AND PRACTICE John Wiley & Sons 2012
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Tamer Khatib, Wilfried Elmenreich  MODELING OF PHOTOVOLTAIC SYSTEMS USING MATLAB®  John Wiley & Sons  2016