Анализа на сложени заземјувачки системи

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Анализа на сложени заземјувачки системи
2. Код 4ФЕИТ09001
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Јорданчо Ангелов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Оспособување за примена на современите методи за анализа на стационарните режими со грешки во ЕЕС користејќи ги претходно совладаните теориски основи. Владеење со принципите и начините на заземјување на електроенергетските објекти, како и со начините за елиминација или намалување на ризиците и опасностите од струен удар. Оспособување на слушателите за изнаоѓање на ефикасни мерки и рационални решенија за надминување на термичките и сигурносните проблеми при појава на грешки во ЕЕС.

11. Содржина на програмата:

Матрични методи за анализа на кусите врски во трифазни ЕЕС, метод на симетрични компоненти, параметри на елементите на системот, заменски шеми на водовите и нивни параметри за директен, инверзен и нулти редослед. Анализа на работата сложени ЕЕС во режими на грешка со разни видови грешки. Распределба на струјата на грешка во ЕЕС, работа со готови софтверски алатки изработени во MatLab и VBA. Заземјувачки систем. Елементи на заземјувачкиот систем и нивно моделирање: надземни водови со и без заштитно јаже, енергетски кабли со разни конструкции, заземјувачи на СН и ВН постројки. Распределба на струјата на грешка во близина на енергетските постројки и елементите од ЕЕС. Распределба на струјата низ земјата, заземјувачите, столбовите, и заштитните јажиња и пресметка на потенцијалите на столбовите при појава на грешка фаза-земја на надземните водови. Пресметка на потенцијалите и струите во кабелските системи во режим на доземен спој. Анализа на напонските и струјните прилики во сложените заземјувачки системи на ВН мрежи. Грешки во СН дистрибутивни мрежи и пресметка на напонските и струјни прилики во мрежата и во нејзиниот заземјувачки систем при земјоспоеви во мрежата. Редукционен фактор. Извоз на потенцијалот во СН дистрибутивна мрежа при грешки во високонапонскиот дел од ЕЕС.

12. Методи на учење:

Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 35 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 55 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите

20. Начин на полагање на испитот

Предвидено е предметот да се полага преку изработка на седум самостојни проектни (семинарски) задачи, преку кои ќе биде покриена материјата што се обработува во предметот. Студентот се стекнува со право за изработка на секоја следна програмска задача откако успешно ја предал претходната. За да се смета дека кандидатот успешно ја предал програмската задача, потребно е да обезбеди минимум 51%, а критериумот за оценување е во согласност со погоре наведениот за дефинирање на оценката.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Ристо Ачковски, Мирко Тодоровски Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи УКИМ, ФЕИТ-Скопје 2017
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Ј. М. Нахман  Заземјување на неутрална точка во дистрибутивна мрежа  Naucna knjiga, Beograd, 1980  1980
2.  П. М. Андерсон  Анализа на електроенергетски систем во стационарен режим со грешка  The IOWA State University Press/AMES  1981
3.  Бројни статии во разни списанија од областа на заземјувањето и заземјувачките системи