Развој на интелигентни мрежи

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Развој на интелигентни мрежи
2. Код 4ФЕИТ09012
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Александра Крколева Матеска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Унапредување на знаењата за интелигентни електроенергетски мрежи. Способност да се анализираат проблемите поврзани со работата и управувањето на преносните и дистрибутивните мрежи применувајќи ги новите технологии и концепти карактеристични за интелигентните мрежи.

11. Содржина на програмата:

1. Технолошка архитектура за развој на интелигентни мрежи (ИМ) и клучни технологии за развој. Трансформација на современите електроенергетски мрежи во ИМ – потребни чекори од аспект на регулаторна рамка, стандарди, технологии и трошоци. 2. Структура на ИМ и клучни технологии. Значење на интероперабилноста и стандардите за развојот на ИМ. Технички системи за управување – интелигентни системи за мерење, системи за следење и прибирање податоци, системи за управување на ИМ.   3. Работа и управување на ИМ. Формулација и решение на проблемот на распределба на моќности, регулација на напони и анализа на испади во ИМ. Улога на дисперзираното производство и на складирањето на електричната енергија врз ИМ – потреба од нови алгоритми за управување на ИМ. Улога на потрошувачите и програми за управување со оптоварувањето во рамките на ИМ. 4. Влијание и механизми на заштита на околината во развојот на ИМ. Технолошки платформи на интелигентни мрежи – искуства и нови сознанија. 5. Концепт на микромрежа како реализација на ИМ. Принципи на работа и управување на микромрежи.

12. Методи на учење:

Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 70 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Завршени зададени домашни задачи.
20. Начин на полагање на испитот

Предметот се полага со подготовка на самостојни задачи и нивна презентација. По завршување на предвидените задачи по предметот, како завршен испит се подготвува усмена презентација за предметот во траење од 30 минути.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. J. Momoh Smart Grid – Fundamentals of Design and Analysis IEEE Press 2012
2. S. F. Bush Smart Grid: Communication – Enabled Intelligence for the Electric Power Grid Wiley – IEEE 2014
3. Clark W. Gellings The Smart Grid: Enabling Energy Efficiency and Demand Response CRC Press 2009
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  M. Bollen  Smart Grids  Morgan & Claypool  2011
2.  M. S. Thomas, J. D. McDonald  Power System SCADA and Smart Grids  CRC Press  2015
3.  S. Chowdhury, S.P. Chowdhury, P. Crossley  Microgrids and Active Distribution Networks  The Institution of Engineering and Technology  2009