1. | Наслов на наставниот предмет | Функции на следење и управување на дистрибутивните системи | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ09015 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 3-ЕЕС | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Весна Борозан | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Стекнување знаења за функциите на следење и управување со дистрибутивните системи, основните технички предуслови за нивна практична примена и некои од поважните алгоритми за следење и управување со дистрибутивните системи, како и на современите концепциски решенија за управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи во услови на инсталирана информациско-комуникациска опрема и слободен пазар на електрична енергија. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
1. Цели на следењето и управувањето со работата на дистрибутивните системи: Општи карактеристики на дистрибутивните системи; Потреби од следење и управување со работата на дистрибутивните системи; Потреби од влезни податоци; Систем за следење и управување на дистрибутивните системи (DMS). 2. Функции на следење и управување со дистрибутивните системи: Диспечирање со анализа на тополошката структура на мрежата и операциите на превклучување; Пресметка на текови на моќности низ мрежата (load flow); Естиматор на состојбата на мрежата; Пресметка на режими со грешка (куси врски); Реконфигурација и оптимална вклопна состојба на мрежата; Реставрација на напојувањето во мрежата; Контрола на напонскиот профил; Индикација на перформансите на мрежата; Пресметка на доверливост; Контрола и нагодување на релејната заштита; Анализа на манипулациите во мрежата под оптоварување. 3. Естимација на состојба на дистрибутивните системи: Алгоритам за проценка на тековите на моќности во дистрибутивна мрежа со минимални расположиви информации. 4. Реконфигурација на дистрибутивните мрежи: Алгоритам за реконфигурација на мрежата заради прераспределба на оптоварувањата; Алгоритам за реставрација на погонот после испад на елемент. 5. Управување со напоните и реактивните моќности: Алгоритам за интегрирано децентрализирано управување со напоните и реактивните моќности. 6. Управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи: Карактеристики на оптоварувањата во дистрибутивните системи, Методи за управување на оптоварувањата на широката потрошувачка (Load Side Management); Управување со оптоварувањата во интелигентни дистрибутивни мрежи – концепт на виртуелна електрична централа, концепт на интеграција на електрични возила и уреди за складирање на електрична енергија. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 90 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 10 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно присуство на предавањата/консултациите | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Презентација: писмена и усна | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | J. Northcote-Green, R. Wilson | Control and automation of electric power distribution systems | Taylor & Francis Group, LLC | 2007 | |||||||||
2. | D. Popovic, D. Bekut, V. Treskanica | Specijalizovani DMS algoritmi | DMS Group | 2004 | |||||||||
3. | V. Strezoski, D. Janjic | Sistem regulacije napona radijalnih distributivnih mreza | FTN u Novom Sadu, MP Stylos, Novi Sad | 1996 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | T. Gonen | Electric Power Distribution System Engineering | McGraw-Hill, Inc. | 1986 | |||||||||
2. | V. Borozan | Rekonfiguracija srednjenaponskih distributivnih mreza primenom metoda estimacije i optimizacije – doktorska disertacija | ETF, Univerzitet u Beogradu | 1996 | |||||||||
3. | Друга актуелна литература од списанија и конференции |