Менаџмент на ризик во електроенергетиката

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Менаџмент на ризик во електроенергетиката
2. Код 4ФЕИТ04007
3. Студиска програма 4-ЕЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Невенка Китева Роглева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за разбирање, анализа и менаџирање на ризиците во технички проекти и ризици во електроенергетски објекти. Ќе ги изучи техниките за квалитативна и квантитативна анализа на ризиците и ќе може да донесува одлуки за справување со ризици, се со цел успешно завршување на проекти и зголемување на доверливоста и сгурноста на енергетските објекти.

11. Содржина на програмата:

Вовед во менаџмент на ризик. Типови и извори на ризикот. Фази на менаџмент на ризик. Идентификација на ризикот во проекти во различни гранки на индустријата. Квалитативна проценка и анализа на ризиците. Mетоди и техники на квантитативно вреднување на влијанијата на поедините ризици. Методи на дрво на грешка и дрво на настан,Баесови мрежи и Маркови вериги. Одлука за планирање на одговор на ризикот врз основа на трошокот за пресретнување и/или трансфер. Стратегии за пресретнување на ризикот. Доверливост и сигурност во електроенергетски постројки.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации, анализа на техничка документација за реални проекти, стручни предавања, самостојна изработка на план за менаџмент на ризици

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на семинарска работа и домашни задачи
20. Начин на полагање на испитот Усмен испит и презентација на семинарска работа
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Wenyuan Li Risk Assessment Of Power Systems: Models, Methods, and Applications Wiley 2014
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Стручни лица од областа на менаџмент на ризик во енергетиката  трудови од соодветната област  IEEE, Springer