Управувачки системи во ЕЕ

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Управувачки системи во ЕЕ
2. Код 4ФЕИТ04019
3. Студиска програма 4-ЕЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник  Д-р Невенка Китева Роглева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со завршување на овој курс, студентот ги совледува методите и техники за разбирање, анализа и примена на современи системи за управување и следење во електроенергетски објекти и општо ЕЕС. Студентот се оспособува за решавање на низа инженерски задачи и донесување одлуки од аспект на воведување нови методи и начини на управување на техничките системи во ЕЕС.

11. Содржина на програмата:

Математичко моделирање и компјутерска симулација на процесите во ЕЦ и РП. Tехнички системи на управување во ЕЦ, РП и општо ЕЕС. Општо за експериментална идентификација на управуваниот објект во технолошки процеси. Енергетската опрема и информатичко-комуникациската технологија. Примена на стандарди IEC, EN и IEEE за управување во ЕЕС. Типови и начини на управување со поедини компоненти на електричните централи. Анализа Трошоци – Ефекти (Cost-Benefit Analysis) за усвојување на тип на управувачки систем. Локација на контролна точка. Локална автоматика. Далечинско управување. Сигнализација и врски на управуваните агрегати и високонапонска опрема со управувачките центри. Конкретни апликации на системите за управување кај различни типови енергетски постројки (термо, хидро, обновливи извори). Симулација и анализа на некои карактеристични управувачки контури: регулација на проток, температура, притисок, број на вртежи, напон, возбудна струја, активна и реактивна моќност. Примена на хардвер и софтвер за погонска анализа на агрегатите. Динамички карактеристики на агрегатите. Експериментална верификација на погонските перфоманси на агрегатите и припадната опрема. Рехабилитација и воведување на современи управувачки системи. Работа на компонентите на ЕЕС во нова технолошка и пазарна околина.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, креирање техничка документација за реални проекти на управувачки системи, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на проектна документација за управувачки системи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 40 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на семинарски труд и презентација
20. Начин на полагање на испитот Презентација на семинарска работа и усмен испит (тест)
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  J. Duncan Glover, Mulukutla S. Sarma, and Thomas J. Overbye  POWER SYSTEM ANALYSIS AND DESIGN  Cengage Learning  2012
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Substation Technical Guide Book   Moxa Inc  2011
2.  М.Чаловиќ  Регулација на ЕЕС  ЕТФ Белград, Србија  1997