Истражувачки проект од областа на електроенергетиката

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Истражувачки проект од областа на електроенергетиката
2. Код 4ФЕИТ04
3. Студиска програма 4-ЕЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Наставник од студиската програма Електроенергетика (проф. д-р Атанас Илиев, проф. д-р Антон Чаушевски, проф. д-р Димитар Димитров, проф. д-р Софија Николова – Поцева, в. проф. д-р Невенка Китева Роглева)
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаења од областа електроенеретика, како вовед во изработка на магистерскиот труд. Оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

11. Содржина на програмата:

Методологија на научно-истражувачка и апликативна работа. Избор и проучување на литература релевантна за истражувањето. Дефинирање предмет и цели на истражувањето. Поставување експеримент во реална или симулациска околина. Прибирање и обработка на податоци. Верификација на резултатите преку изработка на семинарска работа или научен труд. Подготовка на тези за пријава на магистерски труд.

12. Методи на учење:

Консултации, изработка на проектна задача, презентации, самостојно учење.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 0 + 6
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, удиториски), семинари, тимска работа 90 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит

60% успех од сите предиспитни активности

20. Начин на полагање на испитот

Испитот се полага со подготовка на семинарска работа за спроведеното истражување. Откако семинарската работа е прегледана и усвоени се забелешките од предметниот наставник, студентот подготвува презентација во траење од 20 минути во која го изложува спроведеното истражување пред предметниот наставник, по што следи дискусија поврзана со истражувањето и усен одговор на прашања од предметниот наставник

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Литература соодветна на избраната истражувачка област.