Лабораторија за физика

Лабораторијата за физика, како дел од Институтот за математика и физика, е една од најстарите лаборатории на Факултетот, основана уште со неговото формирање во 1960. година. Во неа континуирано се негува и развива наставната и научно – истражувачката дејност во областа физика и нејзината примена.

Во Лабораторијата за физика се изведуваат лабораториски вежби за студентите на Факултетот по предметите: Физика 1, Физика 2, Електрооптика, Физика на компјутерски игри, Вовед во наноматеријали и нанотехнологии, како и Физика и Практикум по инженерска физика за студентите од Технолошко – металуршкиот факултет, Машинскиот факултет, Градежниот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Лабораторијата за физика има современи лабораториските вежби. Таа е опремена со инструменти кои се користат за практична настава на студиите од прв циклус студии, од кои дел се изработени самостојно од членовите на лабораторијата, а останатите се добиени како грант од Меѓународната агенција за атомска енергија – МААЕ (2009 – 2011 година).

Во Лабораторијата се изведуваат симулациски вежби кои даваат можност преку дигиталните технологии да се приближат до студентите основните закони на физиката и нејзината примена во различни области. За таа цел, Лабораторијата за физика, како единствена лабораторија на факултетот, има изработено и видео туторијали за сите лабораториски вежби по физика, кои се достапни за студентите на порталот за електронско учење.

Лабораторијата за физика претставува еден од најважните сегменти во изведувањето на наставата по физика, овозможувајќи студентите преку практична работа да се запознаат со основите на мерењата, физичките законитости, логичката анализа на резултатите и моделирање на проблемите. Студентите имаат можност активно да се вклучат во работата на лабораторијата и надвор од наставните активности, за изработка на дипломски работи, истражувачки проекти и трудови за студентски конференции.

 

Лабораториски вежби 

Издавачка дејност 

Постер-Лабораторија за физика