Програмирање на вградливи системи во ‘C’

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Програмирање на вградливи системи во ‘C’
2. Код 4ФЕИТ05022
3. Студиска програма 9-ВМС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Зоран Ивановски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со завршување на курсот студентот се стекнал со знаења и разбирање на програмските концепти и техники неопходни за оптимално и ефикасно програмирање на вградливите системи. Стекнатите знаења му овозможуваат дизајнирање на софтвер за вградливи системи, негово имплементирање, тестирање и пуштање во работа. Курсот е и основа за следење на дел од останатите курсеви во домен на софтверот за вградливите системи.

11. Содржина на програмата:

Работни околини за вградливи системи. Основни програмерски техники: контрола на текот на програмата, низи, функции. Управување со меморијата: покажувачи, низи од покажувачи; покажувачи кон функции и напредни поглавја за покажувачи; структури и унии. Податочни структури: временска анализа и анализа од аспект на искористување на меморијата; поврзани листи, стекови и редови. Условно преведување, директиви на предпроцесорот, операции со датотеки. Фукнции со променливи аргументи. Вовед во процеси. Вовед во системски повици.

12. Методи на учење:

Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи  30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до полагањето на завршниот испит. Во предвидените испитни сесии се полага завршниот испит (времетраење  60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од проектната задача и завршниот устен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. A.N.Sloss, D.Symes and C. Wright ARM System Developer’s Guide: Designing and Optimizing System Software Elsevier Inc. 2004
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Jonathan W. Valvano   Developing Embedded Software in C Using ICC11/ICC12/Metrowerks  University of Texas  2006