Дигитално процесирање на видео

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Дигитално процесирање на видео
2. Код 4ФЕИТ05009
3. Студиска програма 10-ДПСМ, 19-МВ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Томислав Карталов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на предметот е да се постигне разбирање на теоријата позади различни проблеми од видеопроцесирањето, како и практично искуство во решавање на тие проблеми.  По завршувањето на овој курс, студентите ќе бидат оспособени да вршат истражување во полето на дигитални видеа (како и низи од слики), и ќе ги разбираат модерните примени на видео процесирањето, како на пример видеоанализа, видеостриминг, видеокомпресија.

11. Содржина на програмата:

Основи на аналогно и дигитално видео, просторно-временско одбирање, конверзија на структурата на одбироците. Модели на формирање на видео. Моделирање на 2D движење. Анализа на движењето: диференцијални методи, споредувачки методи, оптимизациски методи. Видео сегментација. Следење на објекти. 3-D движење и естимација на структура. Филтрирање и потиснување на шум.  Реставрација на видео. Суперрезолуција. Компресија без загуби. Квантизација и DPCM. Кодирање во домен на трансформација, JPEG. Кодирање во домен на фреквенциски подопсези. Вејвлети. JPEG 2000. Компресиски стандарди базирани на видеорамки. Објектно-базирано кодирање. MPEG-4. Содржински-базирано видео индексирање. MPEG-7. Водено означување на дигитални слики и видеа.

12. Методи на учење:

Предавања, проектни задачи, презентации

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработен проект / семинарска работа
20. Начин на полагање на испитот Писмено и усмено
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација, анкети, прашалници.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Yao Wang, Joern Ostermann, and Ya-Qin Zhang Video Processing and Communications Prentice Hall 2002
23.2. Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  M. Tekalp  Digital Video Processing  Prentice Hall  1995
2.  J.W. Woods  Multidimensional Signal, Image and Video Processing and Coding, 2nd edition  Academic Press  2012
3.   Arch C. Luther, Andrew F. Inglis  Video Engineering  McGraw Hill  1999