Мобилни мрежи

Последна измена: јули 19, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Мобилни мрежи
2. Код 4ФЕИТ10013
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Валентин Раковиќ, Д-р Владимир Атанасовски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со современи безжични мрежни концепти и архитектури. Распознавање на напредни функционални и технички карактеристики на различни безжични мрежни концепти, технички решенија, архитектури и протоколи. Разбирање на глобалните развојни насоки во доменот на безжичните мрежи и мобилните системи. Самостојно решавање на проблеми од областа на безжичното омрежување и управување. Тенденции на развој.

11. Содржина на програмата:

Развој и карактеристики на xG генерации на мобилни системи. Радио пристапна и јадрена мрежа во 5G. Миграциски сценарија. Напредни мрежни архитектури (Cloud-RAN, fog, MEC). Софтверски дефинирани мрежи. Виртуелизација на мрежни функции. Мрежна софтверизација. Мрежно режење. Анализа на конкретни сценарија. Иновативни омрежувања (M2M, IoT, IoE) и сервиси. Најнови IEEE 802.x стандарди (WiFi 6). Комуникација со видлива светлина. Комуникација на возила со возила/инфраструктура. Развој кон 6G. Хетерогени концепти. Нови стандарди.

12. Методи на учење:

Предавања, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата/консултации
20. Начин на полагање на испитот Писмен испит во времетраење од макс 120 минути во соодветна испитна сесија и презентација на изработена семинарска работа. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, дозволен е само калкулатор
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Erik Dahlman, Stefan Parkvall, Johan Skold 5G NR: The Next Generation Wireless Access Technology Elsevier 2018
2. Ying Zhang Network Function Virtualization Wiley-IEEE Press 2018
3. Susinder R Gulasekaran, Sundar G Sankaran WiFi 6: Protocol and Network Artech House Publishers 2022