1. | Наслов на наставниот предмет | Напредни техники за обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ10017 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 11-ИБС, 12-КИТ, 20-ИМСА | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Томислав Шуминоски | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Студентот ќе биде оспособен за теоретска и практична работа во напредните обработки на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи. Имено, студентите ќе се запознаат и работаат со дистрибуирани системи и следна генерација на мобилни сервиси и системи. Преку знаењата кои му ги нуди овој предмет, студентот ќе има можност да се стекне со компетенции и вештини од областа на мобилни пресметки во облак и во магла (cloud computing and fog computing), како и способности и вештини да дизајнира пресметковни системи, инфраструктури и сервиси кои користат напредни пресметки и обработки на податоци во облак. Студентот ќе добие теоретски и практични знаења за современите напредни техники за обработка на податоци во мобилните и безжични мрежи, како и во мрежите толерантни на доцнење (Delay-Tolerant Networking (DTN)). |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Историски развој на техниките за обработка на податоци и пресметки. Преглед на дистрибуирани и паралелни податочни системи. Преглед на мобилни апликации. Преглед на ITU рамки-водилки за Cloud Computing, Cloud ecosystem, типови на cloud и генерални препораки за обработка на податоци во облак. Мобилни Cloud и fog системи и архитектури. Сервисни модели за мобилни пресметки во облак и обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи (IaaS, PaaS, SaaS, NaaS, CaaS). Напредни сервиси за мобилни пресметки во облак (локациски-базирани и context-aware сервиси). Безбедносни механизми во мобилни пресметки и обработка на комуникациски податоци. Техники за управување и обработка на комуникациски податоци во DTN-и. Регулациски и бизнис аспекти на пресметки и обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и/или семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 10 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 40 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани активности од 15.1 до 16.3. | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути) и изработка на практична проектна задача (по завршување на теоретскиот дел). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од активноста при учење. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 90 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од активноста при учење. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Debashis De | Mobile Cloud Computing: Architectures, Algorithms and Applications | CRC Press/ Chapman and Hall | 2015 | |||||||||
2. | Gai, Keke; Qiu, Meikang | Mobile cloud computing models, implementation, and security | Chapman and Hall/CRC | 2017 | |||||||||
3. | Constandinos X. Mavromoustakis, George Mastorakis, Ciprian Dobre (Editors) | Advances in Mobile Cloud Computing and Big Data in the 5G Era | Springer | 2017 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | A. Galati | Delay Tolerant Network | LAP LAMBERT | 2010 |