Предмет: ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2
Код: 3ФЕИТ10010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Александар Ристески, вон. проф. д-р Валентин Раковиќ
Цели на предметната програма (компетенции): Знаење на напредни методи и трендови за примена на ИКТ (паметни решенија) за постигнување енергетска ефикасност и одржлив развој во повеќе области: електроенергетика, транспорт и логистика, телекомуникации, автоматизација, управување со инфраструктура и јавни сервиси итн. Подготвеност да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.
Содржина на предметната програма: Напредни можности за користење на ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој. Нови трендови за примена на ИКТ за: управување со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија; транспорт и логистика; автоматизација на индустриски процеси; автоматизација на домови; управување со објекти; управување со инфраструктура; управување со јавни сервиси; намалување на емисија на CO2 и ефект на глобално затоплување и климатски промени. Енергетска ефикасност преку виртуелно присуство (telepresence). Трендови за енергетски ефикасни модели за R&D. Нови бизнис модели за енергетски и телеком оператори. Развој на нови апликации и услуги. Трендови во регулативата. Потрошувачка на енергија во ИКТ системите. Енергетско-ефикасни ИКТ системи. Методи и модели за оптимизација на ИКТ системите за зголемување на нивната енергетската ефикасност.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | L.M. Hilty, B. Aebischer (Eds.) | ICT Innovations for Sustainability | Springer | 2015 |
2 | Penni McLean- Conner | Energy Efficiency: Principles and Practices | PennWell Corp. | 2009 |
3 | – | ICT for Energy Efficiency (ICT4EE) | – | 2010 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Џејмс Ворен | Менаџирање на енергијата за транспорт | Арс Ламина | 2009 |
2 | – | Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки и друга литература. |