Техники за недеструктивно тестирање

Последна измена: јули 11, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Техники за недеструктивно тестирање
2. Код 4ФЕИТ08026
3. Студиска програма 15-ММК
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Маргарита Гиновска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Студентот стекнува знаења за  методите и  техниките за недеструктивни тестирања (НДТ),  преку изучување на физичките својства  и појави кај материјалите и компонентите кои се користат  за детектирање на дефекти, корозија, протекувања и други несовршености  во перформансите на материјалите, производите или опремата. Студентот се оспособува за користење на  специјализирани техники за  НДТ во инженерската пракса, медицината  и во други области.

11. Содржина на програмата:

Вовед во недеструктивното тестирање (НДТ) – својства и карактеризација на материјалите, модификација на својствата под надворешни влијанија.  Класификација на методите и техниките за НДТ. Оптички техники – оптичка микроскопија, интерферометриски методи.  Спектроскопски техники – импедансна и UV-vis спектроскопија. Визуелни техники за тестирање.  Елипсометрија. Тестирање со пенетрација на бои/течности. Ултразвучни и акустични техники за тестирање. Термографски техники. Радиографски техники – физички основи на радиографски испитувања со користење на јонизирачки зрачења. Техники за контрола на квалитет и безбедност на квалитет со примена на НДТ. Примена на техниките за НДТ во инженерството, медицината, форензиката, и др.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, тимска работа,  поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) E
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) C
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит семинарска работа
20. Начин на полагање на испитот писмен и устен дел
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

Број

Автор Наслов Издавач Година
1.  M. Sadashiva  Non Destructive testing  Notion Press  2021
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

Број

Автор Наслов Издавач Година
1.  C. Suryanarayana  Experimental Techniques in Materials and Mechanics  Taylor&Francis group  2011
2.  P. J. Shull  Nondestructive Evaluation: Theory, Techniques, and Applications  CRC Press  2016