Биомедицински уреди и системи

Последна измена: јули 20, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Биомедицински уреди и системи
2. Код 4ФЕИТ05005
3. Студиска програма 22-БЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Бранислав Геразов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на програмата е да им овозможи на студентите да се стекнат со проширени знаења за техниките за дизајн на биомедицински уреди и системи. Истата е дизајнирана да им ги доближи најразличните пристапи и апликации во областа, преку разгледување на најновите достигнувања.

11. Содржина на програмата:

1. Основни концепти на медицинска инструментација 2. Основни сензори и принципи 3. Моделирање на физиолошки системи 4. Основи на електрофизиологија 5. Квантитативна физиологија 6. Електроди и засилувачи за биопотенцијали 7. Мерење на крвен притисок, проток и волумен 8. Мерење на респираторниот систем 9. Процесирање на аналогни сигнали 10. Процесирање на дигитални сигнали 11. Системи за медицински слики 12. Терапевтски и протетски помагала 13. Електрична безбедност

12. Методи на учење:

Комбиниран начин на учење: предавања подржани со презентации и визуелизација на концептите и самостојни проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Ислушани предавања.
20. Начин на полагање на испитот Проектна задача и завршен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети, интервјуа и самоевалуација.
23. Литература
23.1.    Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. J.G. Webster Medical Instrumentation: Application and Design Wiley 2014
2. Joseph D. Bronzino, Donald R. Peterson Medical Devices and Human Engineering CRC Press 2014
23.2.    Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Fries, Richard C., Johnson, Arthur Thomas, King, Paul H  Design of biomedical devices and systems  CRC Press  2014
2.  S. Grimnes und O.G. Martinsen  Bioelectricity and Bioimpedance Basics  Academic Press  2008