Контрола на квалитет

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Контрола на квалитет

Код: 3ФЕИТ03004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+1

Наставник: Проф. д-р Владимир Димчев

Цели на предметната програма (компетенции): Кандидатот ќе се стекне со знаење за системите за управување со квалитет, компетентност и безбедност. Кандидатот е оспособен за креација, имплементација и одржување на различни менаџмент системи дефинирани со меѓународни стандарди.

Содржина на предметната програма: Поим за квалитет и политика за квалитет. Организација и раководење. Процесен пристап кон организацијата и менаџмент системот. Оптимизација на токовите на информациите. Документација. Барање на стандардот за управување со квалитетот ИСО 9001. Други меѓународни стандарди за управување со квалитетот, компетентноста и безбедноста. Пристап кон тотален квалитет. Шест сигма квалитет. Статистички методи за проценка на квалитет: мерки за централна тенденција, дисперзија, асиметрија, концентрација и тестирање на статистички хипотези. Контролни графици, парето дијаграми, хистограми. Статистичко земање примероци. Студиски примери на менаџмент системи за квалитет.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Douglas C. Montgomery Statistical Quality Control Wiley & Sons 2012
2 Amitava Mitra Fundamentals of Quality Control and Improvement Wiley & Sons 2008
3 Ryan P. Tomson Statistical Methods for Quality Improvement Wiley & Sons 2011