Мерноуправувачки системи

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Мерноуправувачки системи

Код: 3ФЕИТ03008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+1

Наставник: Вон. проф. д-р Живко Коколански

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на технолошките и техничките аспекти на работата и користењето на мерноуправувачки системи. Компетентен за проектирање, развој и одржување на мерноуправувачки системи за различни сложени системи и процеси.

Содржина на предметната програма: Основни елементи на мерноуправувачките системи. Мерни сетила: пасивни сетила, паметни сетила, микроелектромеханички сетила. Електрични кола за кондиционирање. Аналогно-дигитални и дигитално-аналогни конвертори. Актуатори, регулатори и мотори. Програмабилни логички управувачи. Процесни мерења и управување.  Дефинирање на барањата и проектирање на мерноуправувачки системи. Студиски примери на мерноуправувачки системи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 W. C. Dunn Instrumentation, Sensors and Process Control Artech House 2006
2 Zaguril Haq Applied Measurement Systems In Tech 2012
3 N. E. Battikha The Condensed Handbook of Measurement and Control, Third Edition ISA 2007
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 John Bentley Principles of Measurement Systems Pearson Education 2005