Напредни техники за обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Напредни техники за обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи

Код: 3ФЕИТ10022

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставници: Доц. д-р Томислав Шуминоски

Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе биде оспособен за теоретска и практична работа во напредните обработки на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи.  Имено, студентите ќе се запознаат и работаат со дистрибуирани системи и следна генерација на мобилни сервиси и системи.  Преку знаењата кои му ги нуди овој предмет, студентот ќе има можност да се стекне со компетенции и вештини од областа на мобилни пресметки во облак и во магла  (cloud computing and fog computing), како и способности и вештини да дизајнира пресметковни системи, инфраструктури и сервиси кои користат напредни пресметки и обработки на податоци во облак. Студентот ќе добие теоретски и практични знаења за современите напредни техники за обработка на податоци во мобилните и безжични мрежи, како и во мрежите толерантни на доцнење (Delay-Tolerant Networking (DTN)).

Содржина на предметната програма: Историски развој на техниките за обработка на податоци и пресметки. Преглед на дистрибуирани и паралелни податочни системи. Преглед на мобилни апликации. Преглед на ITU рамки-водилки за Cloud Computing, Cloud ecosystem, типови на cloud и генерални препораки за обработка на податоци во облак. Мобилни Cloud и fog системи и архитектури. Сервисни модели за мобилни пресметки во облак и обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи (IaaS, PaaS, SaaS, NaaS, CaaS). Напредни сервиси за мобилни пресметки во облак (локациски-базирани и context-aware сервиси). Безбедносни механизми во мобилни пресметки и обработка на комуникациски податоци. Техники за управување  и обработка на комуникациски податоци во DTN-и. Регулациски и бизнис аспекти на пресметки и обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Debashis De Mobile Cloud Computing: Architectures, Algorithms and Applications CRC Press/ Chapman and Hall 2015
2 Gai, Keke; Qiu, Meikang Mobile cloud computing models, implementation, and security Chapman and Hall/CRC 2017
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Evangelos Markakis, George Mastorakis, Constandinos X. Mavromoustakis and Evangelos Pallis (Eds.) Cloud and Fog Computing in 5G Mobile Networks: Emerging advances and applications IET Digital Library 2017
2 Constandinos X. Mavromoustakis, George Mastorakis, Ciprian Dobre (Editors) Advances in Mobile Cloud Computing and Big Data in the 5G Era Springer 2017
3 A. Galati Delay Tolerant Network LAP LAMBERT 2010