Пофалници за најдобрите студенти на ФЕИТ

Последна измена: јуни 22, 2023

Свечено доделени пофалници за студентите со просечен успех од 9 и над 9 во академската 2021/2022 и студентите победници на натпревари во земјата и странство.

Групна

Беа доделени вкупно 57 пофалници: со завршена 1 година и освоени најмалку 60 кредити се наградени 28 студенти, со завршена 2 година и освоени најмалку 120 кредити се наградени 11 студенти, и со завршена 3 година и освоени најмалку 180 кредити се наградени 18 студенти.

Пендаровски Огнен, просек 10,00 со освоени 60 кредити

Рената Павлеска, просек 10, 00 со освоени 120 кредити

   

 Ангела Мешкова и Матеа Ташковска, просек 10,00 со освоени 180 кредити

Додека студенти кои освоиле награди по домашни и меѓународни натпревари се:

Спортско воздухопловно моделарство трето место екипно на државно првенство 2022 година

Симона Тошеска

Трета награда во финалниот натпревар

EIT Jumpstarter 2022, Полска

Натправарот се одвиваше во неколку фази, и во секоја фаза има соодветна селекција на тимовите, сé до конечната селекција на тимовите кои одат во финале, каде што ги претставуваат своите иновативни бизнис идеи, во неколку области. Матеј и Лаура (тим EV-to-GO) освоија трета награда (5000 ЕУР) во областа EIT InnoEnergy.

Матеј Костоски

Објава на научен труд:

ИДНИНАТА НА РОБОТИКАТА ВО ОДНОС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА- СПАС ИЛИ ЗАКАНА
објавен во меѓународното списание за теорија и практика на образованието „Просветно дело“, 3

Дел од тимот победници на националниот младински предизвик Generation Unlimited – Технологија за планетата 2022

Младински предизвик кој се реализира во партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, нашата Теодора е дел од тимот Green Hot Chili Pappers koj имаше идеа за заштита на животната средина преку изработка на посебна корпа, која самостојно го селектира отпадот и притоа произведува електрична енергија.

Теодора  Петровска

Второ место Пинг Понг на ниво на УКИМ

Томи  Јованов

Екипа “FEITastic 4” и освоено трето место во Инженерскиот натпреварот во категорија CASE STUDY
натпревар во организација на БЕСТ во фабриката Костал во Охрид:

Организирање работници на постројка со цел оптимално искористување на време за сатавње на компоненти PCB (Printed Circuit Board)

Мартин Јаневски, Алeксеј Ивановски, Викторија  Митрева, Димитар  Гугучески

Тимот победници на натпревар по федеративно учење во Потсдам, Германија на Институтот Хасо Платнер.

Победија на предизвикот за машинско учење за предвидување на реадмисија во болница со користење на федеративно учење. Предизвикот беше дел од третата WideHealth зимска школа за доверлива вештачка интелигенција

Борјан Саздов, Стефан Крстески, Матеа Ташковска, Борче Јовановски

Тимот кој освои главната награда за најдобра презентација на натпреварот ICAMES 2023, Турција

Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) учествуваа на натпреварот и оваа година проектот „SolBerries: A Dual Purpose Use of Arable Land with Agrivoltaics and Raspberry Cultivation in Polog, Macedonia“изработен под менторство на асс м-р Александар Крлески

Ангела Мешкова, Емилија Наумоска, Стефан Мерџаноски, Милош Милошевиќ

Тимот „Neuro FEEIT” кој освои прво место на светското финале на студентското финале за процесирање сигнали IEEE SP Cup 2023, Родос, Грција

Задачата оваа година беше развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза користејќи функционална магнетна резонанца во состојба на мирување (rsfMRI).

Стефан Крстески, Матеа Ташковска, Дејан Крстевски, Ангела Мешкова, Душан Мерџановски, Даниела Јанева

На свеченоста на студентите им се обрати Деканот проф. д-р Димитар Ташковски :

“Вие сте нашиот успех и главни промотори на ФЕИТ.  Ние се гордееме со вашите достигнувања и тука сме за да бидеме ваша поддршка, со сите ресурси кои се достапни на нашиот факултет и ќе бидеме тука во наредните ваши чекори кои вие сами ги избирате. Ви честитам и ви посакувам да продолжите со успеси.”