Сертификати: ECDL и ФЕИТ
Предавачи: наставно научен и стручен кадар на ФЕИТ
Цена: 12.000 денари на две рати
Пријавување нa e-mail: cdu@feit.ukim.edu.mk
Обуката за “Напредно користење на апликации за табеларни калкулации (Excel)” организирана од Центарот за доживотно учење при ФЕИТ им овозможува на слушателите користење на апликации за табеларни калкулации како би креирале документи со некои напредни можности. Тие ќе бидат оспособени за поефикасно користење на апликации на повисоко ниво од основното.
Предавањата се со практични примери и вежби. На крај се прави рекапитулација преку задачи со што се повторува и утврдува поминатиот материјал. Потоа следи полагање на модулот по стандардизирани ECDL тестови. Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се здобиваат со ECDL сертификат кој има доживотна и меѓународна важност и со сертификат од ФЕИТ.
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА
Број на слушатели: од 5 до 20 по термин
Начин на изведување: Обуката ќе се изведува по договор со слушателите (или во живо во компјутерска лаболаторија 322а на ФЕИТ или online)
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 5 до 20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 6 работни дена, распоредени во 3 работни недели. Во секој ден се предвидени по 3 часа, а во тек на неделата ќе има 2 дена обука. За целото времетраење на обуката, слушателите ќе изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Познавање од работа со компјутери и програми за табеларни пресметки.
Цел на обуката: Обуката за напреден Excel овозможува:
- Примена на напредни опции за форматирање како што се условно форматирање и приспособено форматирање на броеви и ракуваат со работни листови.
- Применат безбедносни карактеристики на табеларни пресметки.
- Уредување и доработка на нумерички, текстуални и графички податоци за разврстување, поврзување и извлекување на потребните податоци
- Користење на напредни функции поврзани со логички, статички и математички операции
- Работат со табели и списоци за да ги анализираат, филтрираат и сортираат податоците.
- Креирање и користење сценарија.
- Употреба на достапни алатки за ревизија и надзор над формулите, како и активирање едноставни макронаредби.
Самостојна работа и проверка на знаењето: Целиот материјал кој ќе се помине е поддржан со практични примери и соодветни вежби во факултетската компјутерска лаболаторија. Последниот термин е предвиден за рекапитулација на материјалот преку практична задача. На крај од обуката, се полага ECDL лиценциран тест за проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката и положување на тестот, учесниците ќе добијат интернационален ECDL сертификат и сертификат од ФЕИТ.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Обуката ќе се одвива во тек на 18 часа распределени во 6 денa (2 дена неделно, по 3 часа на ден). Последниот ден ќе биде со практична тест задача преку која ќе се направи конкретна рекапитулација на материјалот. При тоа ќе се поминат следниве теми:
ТЕМА | БРОЈ НА ЧАС | ДЕН |
1.Уредување | 1,2,3 | 1 |
– Податоци | ||
– Приказ | ||
– Заштита | ||
– Безбедност | ||
2.Ракување со податоци | 4,5,6 | 2 |
– Сортирање | ||
– Прашања / Филтри | ||
– Поврзување | ||
– Шаблони – Templates | ||
– Графикони | ||
3.Функции | 7,8,9 | 3 |
– Употреба на функции | ||
4.Анализа | 10,11,12 | 4 |
– Изведени табели | ||
– Сценарија / верзии | ||
– Формула за надзор (Auditing) | ||
5.Посебни алатки | 13,14,15 | 5 |
– Макронаредби | ||
8.Рекапитулација | 16,17,18 | 6 |
-Утврдување на материјалот преку задачи и подготовка за тест |