Доставувањето на документи за пријавување на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии на прв циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2023/2024 година ќе се врши во Читалната на Факултетот (приземје) на 30.8.и 31.8.2023 година од 8.30 до 15 часот.
Пред доставувањето на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Потребните документи за пријавување НЕ се прикачуваат во Iknow системот, туку се доставуваат на Факултетот во наведениот рок.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавување за запишување на Факултетот.
Потребни документи за пријавување:
- Електронска пријава
1. Универзитетски пријавен лист и
2. Интерен пријавен лист
(Двете пријави се печатат од iknow системот и се потпишуваат). - Пријава за запишување А1 образец (се купува во книжарницата на факултетот)
- Уплатница за административна такса од 50 денари
- Оригинални свидетелства од сите класови*
- Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- Извод од матична книга на родените (оригинал + копија од истото)
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
- Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност, односно ако кандидатот конкурира во дополнителните квоти утврдени од Владата на РСМ, и се печати од iknow системот)
- Изјава за согласност за користење на лични податоци (се печати од iknow системот)
- Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 2 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ.
*Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии од своите документи заверени на нотар.
ЗАБЕЛЕШКА: Роковите и потребните документи за запишување на примените кандидати дополнително ќе бидат објавени на веб страната на Факултетот.
Упатство за електронско пријавување
Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk. Потребните документи за пријавување НЕ се прикачуваат во I know системот, туку се доставуваат на Факултетот во рокот утврден со конкурсот.
Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот – не отварајте нов профил.
Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.