Методи за анализа и проценка на ризик

Објавено: септември 4, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Методи за анализа и проценка на ризик
2. Код 4ФЕИТ08010
3. Студиска програма 5-ПМ, 13-ПМА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Соња Геговска-Зајкова
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот, студентот ќе биде способен: да прави разлика помеѓу ризик и можност; да ги препознава, разликува и разбира  основните методи за анализа и проценка на ризикот; да прави анализа и проценка на ризици во разни проблеми и да ги користи резултатите од анализата при донесување одлука.

11. Содржина на програмата:

Вовед во менаџмент на ризик.  Фази во анализа на ризикот. Идентификација на ризикот во проекти. Закани, ризици, веројатност и зачестеност на нивното појавување и влијание врз проектот. Методи за проценка на ризикот. Квалитативни методи: прелиминарна анализа, матрица на влијание, анализа на хазард и операбилност (HAZard and OPerability study), анализа на појава на откази и нивно влијание (Failure Mode and Effects Analysis). Техники базирани на дрво: анализа на дрво на грешки (Fault Tree Analysis и дрво на настани (Event Tree Analysis), причинско- последична анализа (Cause-Consequence Analysis). Квантитативни методи: сензитивна анализа, анализа на очекувана монетарна вредност. Хибридни методи. Моделирање. Монте Карло симулација.  Студија на случај со примена на соодветните методи ва реални проекти.

12. Методи на учење:

Блендиран метод на учење кој се состои од предавања, самостојна изработка и одбрана на проектна задача,  учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Изработка и презентирање проектна задача и завршен испит
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Lee T. Ostrom, Cheryl A. Wilhelmsen Risk Assessment: Tools, Techniques, and Their Applications Wiley 2012
2. Glenn Koller Risk Assessment and Decision Making in Business and Industry Chapman and Hall/CRC 2000
3.
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Malvin H. Kalos, Paula A. Whitlock  Monte Carlo Methods  WILEY-VCH Verlag GmbH & Co. KGaA, Weinheim  2008