Системи за манаџмент на квалитет

Објавено: септември 4, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Системи за манаџмент на квалитет
2. Код 4ФЕИТ04016
3. Студиска програма 5-ПМ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Атанас Илиев
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаење за методи, техники и алатки за планирање, осигурување и контрола на квалитетот на проектите. Оспособеност за примена на системи и техники за менаџмент на квалитет во проектите и работните процеси во компаниите.

11. Содржина на програмата:

Карактеристики на квалитет. Придонес на Deming, Crosby и Juran за развој на системите за менаџмент на квалитет. PDCA циклус. Мрежа на зрелост. Планирање, осигурување и контрола на квалитетот во проектите. Споредба на американскиот и јапонскиот концепт за квалитет. TQM и нулта толеранција на грашка. Систем за менџмент на квалитет на Тојота, 5S, 3M, Kazien, Just in Time. 7 алатки за контрола на квалитетот. Структура, принципи и бенефит од имплементација на ISO 900x. Правила за развој на ISO 900x документација. Чекори за воведување и успешна имплементација. Анализа на пример. Статистичка контрола на квалитетот. Lean производство. Six сигма методологија. Системи за менаџмент на квалитет и иновации.

12. Методи на учење:

Настава поддржанa со презентации, интерактивни предавања, решавање на задачи и анализа на практични ситуации. Самостојна изработка на домашни задачи, проекти и истражување.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 15 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 35 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на домашните и проектните задачи
20. Начин на полагање на испитот

Завршен писмен и/или усен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа) и презентација на семинарската работа. Во текот на семестарот може да се полагаат тестови.  За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било кој вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација и анкети
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Aтанас Илиев Одбрани поглавја од системи за менаџмент на квалитет со примери од пракса ФЕИТ – Скопје 2021
2. Kennet H. Rose Project Quality Management J. Ross Publishing Inc. USA 2014
3. David Hoyle Project Quality Management Quality Management Essential Elsevier Ltd. Oxford 2007
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Избрани трудови   IEEE Transaction on Engineering Management & Engineering Management Review  IEEE Press  2022
2.  David Hoyle  ISO 9000 Quality Systems Handbook-updated for the ISO 9001: 2015 standard  Taylor & Francis  2017
3.  Edited by Tauseef Aized  Total Quality Management and Six Sigma  InTech  2014