Сите студенти запишани по првпат во прва студиска година (бруцоши) треба да извршат и електронско запишување на зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година во iKnow системот и внесување на предметите кои ќе се слушаат во овој семестар (тоа се предметите кои се запишани на Образецот А3) најдоцна до 19.09.2023 година
Во упатството за студенти имате подетално објаснување околу електронското запишување на семестар во iKnow системот.
При најава на iKnow системот се внесува е – меил адресата со која кандидатите се пријавиле, па потоа се оди на заборавена лозинка.
На е – меил адресата се добива линк на кој што се внесува лозинката со која ќе се врши понатамошна најава на системот.
Студентите кои во дадениот рок нема да го реализираат електронското запишување, истото ќе можат да го направат по истечениот рок во Одделението за студентски прашања со финансиски надомест.
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ