Формула Студент

Објавено: октомври 6, 2023

Пријави се на напреварот  Формула Студент

Со задоволство ги покануваме студентите да се придужат на тимот на MES Racing (Macedonian Engineering Students), кој за прв пат ќе се натпреватува на една од познатите локации на интернационалниот натпревар Формула Студент. Целта на натпреварот е да се изработи автомобил, со кој студентите ги градат своите вештини и успеваат да ги применат знаењата кои ги стекнале во текот на студирањето, но и да научат практични работи кои нема да ги сретнат на ниедно друго место.

Со учество на натпреварот, секој студент ќе биде предизвикан да иновира, дизајнира и придонесе на производството на тркачко возило со конкурентни карактеристики, преку соодветни истражувања, производство и тимска работа во склоп на академската средина.

Битни датуми и крајни рокови:

– Краен рок на конкурсот: 31ви октомври

– Аплицирање како тим: декември 2023та година

– Главното натпреварување ќе е во лето 2024та.

Може да аплицира секој кој е запишан на додипломски и постдипломски студии на УКИМ и да се придружи на инженерскиот дух на тимот.

ДОСТАПНИ ПОЗИЦИИ:

Маркетинг

– познавање софтвер за графички дизајн и видео уредување (Adobe Photoshop, GIMP, Adobe Illustrator, Adobe Premiere Pro или слично)

– креативно пишување на кратки текстови и содржини

– одговорност и достапност

Проектен менаџмент

– искуство со пишување на бизнис стратегии и планови

– солидни презентациски вештини

– критични вештини се SWOT и ROI анализи, како и менаџирање на ризик

– способност за создавање и водење на финансиска анализа

Погон

– познавање на конструкција на моторни единици, трансмисија, диференцијали и останати компоненти

– практично искуство со расклопување, реставрација и склопување на мотори

– способност за тестирање и анализирање на работата на погонските единици

Електроника

– познавање од основи на електроника и аналоген дизајн

– познавање на CAD софверски пакети (OrCAD, LTspice или KiCad)

– практично искуство со лабораториски инструменти (осцилоскопи, мултиметри, лемилици, итн.)

– програмирање на микроконтролери

– анализа и обработка на податоци и електрични симулации

CAD Дизајнер

– познавање на софтвери за 3D моделирање (Solidworks, AutoCAD, Autodesk

Inventor…)

– изработка на работилнички цртежи и општа техничка документација на склопови и потсклопови

– можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Аеродинамични симулации со Ansys и аеродинамични испитувања

– искуство со изработка на струјни слики во Ansys

– познавање на природата на флуидите

– спроведување лабораториски истражувања на аеродинамични компоненти на болидот

– можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Производни технологии

– познавање и искуство со цртање на технички цртежи

– познавање на различни матерјали достапни на пазарот за производство

– познавање од технолошки процеси за обработка (обработка, заварување, производство на адитиви и композитно поставување)

– креативност за создавање на макети и прототипови

– можност за одење на терен и соработка со инженери од индустријата

Човечки ресурси и односи со јавноста

– меки вештини (комуникативност, networking, креативност,

преговарање…)

– одговорност, достапност и ентузијазам

– водење на работна евиденција на тимските членови

– континуирано следење на одзив од потенцијалните спонзори

Линк за пријавување:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdRMBJW7apja_dvDCrA2y2SEp0E13fEhz_Mx2KjIP5QPKf8rQ/viewform

За секакви прашања, контактирајте нѐ на мејл адресата:

formulastudentmacedonia@gmail.com