Предмет: Бизнис менаџмент во телекомуникациите
Код: 3ФЕИТ10004
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: проф. д-р Александар Ристески
Цели на предметната програма (компетенции): Се очекува студентот да ги разбира основните концепти од телекомуникацискиот бизнис и економските и регулаторните аспекти на телекомуникациите. Се очекува да ги знае основите за регулатива, анализи на пазарот, менаџмент на проекти, креирање и примена на модели и стратегии за телеком оператори, развој на нови продукти, услуги и пазари и нивна основна финансиска анализа; подготовка на business case. Се очекува да биде подготвен да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.
Содржина на предметната програма: Преглед на развојот на телекомуникацискиот бизнис, технологии и сервис. Регулативата како рамка за делување на телекомуникациските компании. Монопол и конкуренција. Сегментација на телеком пазарите. Бизнис модели на организација на телеком оператори. Елементи на телекомуникациски бизнис менаџмент: менаџмент на проекти/процеси, човечки ресурси, одлуки, ризици, брендови, сигурност итн. Стратегии за развој и планирање на телекомуникациски бизнис. Истражување и технолошки развој. Патентирање. Развој на нови продукти и сервиси. Финансиски анализи. Подготовка на business case. Елементи на бизнис план. Маркетинг. Предизвици и деловни можности на нови телеком оператори. Спојувања и аквизиции на телеком оператори. Трендови во телекомуникацискиот пазар. Влијание на подемот на комуникациско-информациските технологии врз трендовите во телекомуникацискиот бизнис и општеството.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | H. M. Schoening | Business Management of Telecommunications | Prentice Hall | 2004 |
2 | S. Majumdar, I. Vogelsang, M. Cave | Handbook of Telecommunications Economics, Vol. 1 and 2 | North Holland | 2006 |
3 | I. Walden | Telecommunications Law and Regulation | Oxford University Press | 2012 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | R. Esmailzadeh | Broadband Wireless Communications Business | John Wiley & Sons | 2006 |
2 | Јан Валден | Телекомуникациско право и регулатива | Арс Ламина | 2009 |
3 | – | Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература. | – |