Електронското пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2023/2024 година во вториот уписен рок ќе се врши од 18.1.2024 година.
Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при поднесување на документите.
Поднесувањето на документите за пријавување на кандидатите задолжително се врши во хартиена форма на шалтерите на Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 5.2 до 16.2. 2024 од 12:30 до 14:00 часот.
Потребни документи:
- Пријавен лист за запишување (А1 образец);
- Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – интерен и универзитетски пријавен лист;
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки);
- Куса биографија (CV);
- Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.);
- Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
- Извод од матична книга на родените (оригинал и копија)
- Препораки од наставни или научни работници (доколку има);
- Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
- Документи за евентуални награди, признанија и други документи.
- Изјава за користење лични податоци (се печати и од електронската пријава)
Запишувањето на примените кандидати во вториот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2023/2024 година ќе се врши на 20.2 и 21.2.2024 година од 9:00 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:
- Индекс (пополнет),
- Пријавен лист за запишување (А3 образец) – пополнет со личните податоци на кандидатот и предметите што ќе се слушаат во овој летен/прв семестар (се купува од книжарницата на факултетот),
- Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
- Статистички образец (ВОИ.80А) – се добива од Oдделението за студентски прашања,
- Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
- Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Банка на примачот: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 160010428678814
Приходна шифра: 723012, програма 41
Цел на дознака: школарина за упис на летен сместар 2023/2024