На 9. мај 2024 година започна Првиот меѓународен конгрес за студенти од техничките факултети Sicence@FEIT организиран од Факултетското студентско собрание на ФЕИТ. Во текот на три дена, учесниците на конгресот ќе имаат можност да проследат низа предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, вклучувајќи и теми поврзани со длабоко учење, невронски мрежи и хибридни комуникациски системи. Студентите ќе имаат можност да ги слушнат искуствата на панелистите во рамки на две панел сесии: „Етички импликации како пристрасност, приватност, безбедност и алгоритамска транспарентност во системите што користат вештачка интелигенција“ и „Навигирање низ кариерата: Искуства на работење во Startup наспроти големи корпорации“. Со поддршка на спонзорите на конгресот ќе се организираат и неколку различни работилници, како и презентации преку кои учесниците ќе можат да се информираат за иновативните решенија кои се применуваат во индустријата. Конгресот на учесниците ќе им овозможи вмрежување, размена на искуства, но и дружење по завршување на работните активности.
На нашите помлади колеги од Факултетското студентско собрание на ФЕИТ им посакуваме успешна организација, а на сите учесници нови вредни искуства и знаења.