ФЕИТ потпиша меморандум за соработка со меѓународно етаблираната компанија Стјуарт Инспект во областите поврзани со joнизирачко зрачење и радијациона сигурност. Предмет на соработката е заедничко настапување во испитувања и процена на персоналниот дозен еквивалент од надворешно изложување на јонизирачко зрачење, како и мерење на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент во близина на извори на јонизирачко зрачење во работна средина.
Воспоставената соработка ќе се одвива согласно лиценцата за овластен стручен технички сервис што ги доби ФЕИТ за Факултетската лабораторија за радијациона физика (РАД-ЛАБ) од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност.